1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

123 жртви од студ во Русија

АТ/ афп/ дапд/ ард25 декември 2012

Од средината на декември Русија е зафатена од голем студ. Во регионот на Москва температурите се спуштија на минус 30 степени, на истокот на Сибир пандаа дури до минус 60 степени. Се очекува покачување на температурите.

https://p.dw.com/p/178q5
Фотографија: AP

Во Русија, зафатена од повеќедневен студен бран бројот на жртвите се зголеми на 123 лица. Смртните случаи настапиле подари смрзнување и паѓање на температурата на телото, пренесува руската агенција Интерфакс повикувајќи се на лекарски извори. Само во текот на ноќта меѓу понеделникот и вторникот починале седум лица, меѓу нив и едно дете. Додека во текот на вчерашниот ден од студ починале 90 луѓе. Вкупно  833 лица се одведени во болница поради ниските температури.

Речиси минус 60 степени во Сибир

Критичарите забележуваат дека пред се’ за бездомниците речиси да немало привремени сместувалишта. Во Русија од средината на декември владеат ледени температури. Во регионот околу Москва се регистрирани до минус 30 степени целзиусови, додека на истокот на Сибир и до минус 60 степени.

Метеоролозите сепак најавуваат дека најголемите студови се надминати. Уште во текот на ноќта стана значително потопло. Тепмературите се покачија за 10 до 20 степени целзиусови. Утре во Москва се очекуваат нула степени и снег. За Нова Година метеоролозите исто така очекуваат поблаги температури во регионот на Москва.