1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

125 од раѓањето на Коко Шанел

20 август 2008

Во приватниот живот среќата не и беше наклонета, но нежната дама со црни очи остави богато наследство: Коко Шанел на дамите им ја подари елеганцијата и Шанел 5. Денеска се навршуваат 125 години од нејзиното раѓање.

https://p.dw.com/p/F0tY
Коко ШанелФотографија: AP

Животот на Мадмозел почна со грешки. Матичарот во францускиот Саумур пред 125 години во изводот на родени на Гебриеле Коко Шанел го запиша името Шаснел. Но истовремено превиде и дека девојчето родено на 19 август 1883 година е вонбрачно дете и во графата татко беше внесен трговецот Алберт Шанел, за кого мајка и се омажи дури една година подоцна.

Chanel Kostüm
Препознатливиот Шанел костумФотографија: AP

Габриеле Коко Шанел, која целиот живот бараше да и се обраќаат со мадмозел, околу своето потекло постојано ткаеше легенда. Кога имаше 11 години, почина мајка и, а татко и ја однесе во сиропиталиште водено од калуѓерки и исчезна од нејзиниот живот. Но таа, понижувањата од маладоста мината во дом за сираци не сакаше да ги прифати и ја прераскажуваше својата животна приказна по нејзин вкус. Коко тврдеше дека татко и заминал во Америка, а таа израснала кај две строги тетки. Сепак се чини дека од скромниот животот во домот Габриеле со себе понесе нешто што подоцна му даде белег на нејзиното творештво како моден креатор: наклонетоста кон едноставни линии на облеката,

Сета класична облека што Шанел ја лансираше почнувајќи од панталони за жените па се до Твин -сетот како фина гардероба за дами, ја поседуваат таа наклонетост кон едноставните форми. Со нејзините креации, надополнети со долгите бисерни синџири таа го претвораше изгледот на дамите во неодлов. Беше и првата што ги користеше така наречените Џерси материјали, и од нив креираше јакни и здолништа надополнети со необични детали.

Legendäres Parfüm Chanel Nummer 5 Kalenderblatt
Фотографија: picture-alliance/ dpa

„Ме лути, кога морам да слушнам, дека сум имала среќа. Никој не работел повеќе од мене“ ќе рече подоцна Коко за својата кариера. И тоа со право - својот професионален живот и фирмата ги изгради со сопствени раце.

Од денешен агол се чини дека се’ што Шанел допираше со свои раце се претвараше во злато. Нејзиниот парфем Шанел 5 создаден 1921 година до денес важи за мирис на мирисите. Кога девет години по крајот на Втората светска војна се врати од егзил од Швајцарија со повеќе од 70 години и успеа целосо да го освои светото на модата. Се до нејзината смрт 1971 година енергичната и нежна дама работеше и создаде марка којашто до денеска под генијалното креативно раководство на Карл Лагерфелд важи за синоним на француската елеганција.