1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

130 години кармин

Ариане Петерс / Жана Ацеска15 јуни 2013

Карминот важи за најпродаваното средство за разубавување во светот, многу жени не можат да се замислат без него. Оваа година тој слави 130 годишен јубилеј.

https://p.dw.com/p/18jW4
Фотографија: Fotolia/VILevi

Неколку грама масло и восок, кон тоа впчеатлива боја, и - карминот е готов

Околу 80 проценти од жените во Германија користат кармин.

Берлинскиот визажист Рене Кох со својот музеј му подигна споменик на карминот. Во него има стотици експонати од сите епохи. Многу фотографии и слики докажуваат дека уште старите Египќани и Јапонци користеле боја за усни добиена од кана. За боење на усните на дамите во барокот се користеле растителни вошки.

„Од крвта на овие вошки се добивала црвената боја. Со неа се давале мали ленени шамивчиња, каде човек можел да ја намачка. Со притисок на шамивчињата дамите кои сакале можеле да си ги обојат усните во црвена боја“, објаснува Кох.

Први мај 1883 година: двајца француски производители на парфем на светската изложба во Амстердам го презентирале првиот кармин од маст од елен. Завиткан во свилена хартија чинел денешни 50 евра, тогаш годишна плата на една слугинка.

Symbolbild Kuss
Фотографија: Fotolia

„Тој бил неуспех и завршил во продавниците со стока која тешко се продавала. Оттаму прво го извлекле ноќните танчерки, актерките, циркузантките, лесните девојки. Тие знаеја какво богатство имаат в рака.“

Тоа го знаеше и Сара Бернар. Нашминканите усни на француската актерка станаа тренд.

Првиот кармин со механизам за извлекување нагоре стигна на пазарот на почетокот на 20 век во САД, а дури во 1949 се појави кармин во амбалажа, која и денес се користи.

Оттогаш карминот не се симнува од фабричката лента.

Исто како и модата, и бојата на карминот е подложна на духот на времето. Во 1920-те меѓу жените биле модерни мали и темни усни. Во времето на нацизмот шминкањето било непожелно, во 50-те и 60-те години ѕвездите како Мерилин Монро се прославиле со црвени, полни усни. Во 70-те, 80-те и 90-те се експериментираше - од темно виолетово до нежно розово. А трендот денес?

„Црвено, тоа е јасно. Црвеното слави голем камбек. Затоа, велам, жените не треба да ги истакнуваат своите усни само со зборови, туку и со боја“, категоричен е Рене Кох.

Frau vor Spiegel mit Lippenstift Symbolbild Aufdonnern
Фотографија: Fotolia/cardiae

Со изборот на бојата на карминот жените често привлекуваат одреден тип на маж.

„Темно виолетова, на пример, привлекува само многу самосвесни мажи. Жените со розева боја на кармин се атрактивни за мажи со заштитничка улога. Силна црвена боја е се разбира сигнал, магнет за мажите кои бараат страсни жени.“

Една жена во текот на животот троши околу три килограми кармин. Онаа која редовно се шминка, излижува еден кармин годишно. Остатокот кармин останува на чашите, огледалата или на усните на љубениот. И тоа веќе 130 години.