1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

18 години од падот на Берлинскиот ѕид

9 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C9lg

На 18 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид сојузниот парламент донесе одлука за изградба на споменик на слободата и единството во германскиот главен град. Споменикот треба да потсетува на мирната револуција во 1989 година. Министерот за сообраќај Волфганг Тифензе во чија надлежност е и обновата на истокот на земјата зборуваше за состојбата со германското единство. Тој нагласи дека источниот дел на земјата сеуште е одалечен од константен подем германци. Претседателот на парламентот Норберт Ламерт го означи 9 ноември како ден, кој како никој друг досега ги одбележува изворедните достигнувања и слаби точки на германската историја. Денеска е и 69 годишнина од така наречената Ноќ на погромот од 9 ноември 1938 година, кога Националсоцијалистите употребија дотогаш невидено насилство врз еврејското население.