1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

2 август прославен на Пелинце и на Мечкин Камен

2 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BPFB

Македонија денеска прославува 104 години од Илинденското востание и 63 години од првото заседание на АСНОМ. Централните манифестации се одржуваат на месноста Мечкин Камен кај Крушево и во меморијалниот центар Пелинце. Претседателот Бранко Црвенковски во говорот во Пелинце, нагласи дека Македонија мора да работи на исполнување на во моментов најголемиот национален и државен интерес, евроатланстките интеграции. Тоа според него ќе ја определи и осигура иднината на граѓаните и на земјата. Премиерот Никола Груевски пак во говорот на Мечкин Камен истакна дека прославата на Илинден е традеција што задолжува и обединува. Тој притоа упати на новите предизвици со кои се соочува модерна Македонија , пред се целосната интеграција во НАТО и во ЕУ. Македонија и годинава не испрати делегација во манастирот Прохор Пчињски, откако владата по тринедели чекање одговор го повлече барањето до српските власти да овозможат прослава на историската локација.