1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

20 проценти загуби во германското земјоделство

4 февруари 2004
https://p.dw.com/p/AeS6
Германската министерка за земјоделство Ранате Кинаст денеска во Берлин мораше да објави загуби во аграрот од речиси 20 проценти, во периодот од летото 2002 година до летото 2003. Прогнозата за 2004 година исто така не е поволна.

"Навистина станува збор за драматични бројки, кои се предизвикани од различни причини. Сите тие потсетуваат на поплавата. И тогаш имаше драматични загуби кај млекото, бидејќи за него постоеше голем притисок на цаната, и тоа од трговијата врз земјоделците. Во годините пред тоа имавме многу добри резултати со двоцифрени показатели на растежот. Од овие одлични резултати сега имаме загуби од речиси 20 проценти."

Трета година по ред, германските земјоделски здруженија укажуваат дека земјоделците и нивните семејства се жртви на борбата околу цената во трговијата со прехрамбени производи. Најголемата поплава на Елба особено ги погоди претпријатијата во покраината Саксонија Анхалт. Таму загубите се најголеми 41 процент. Земјоделците пак кои произведуваат еколошки здрава храна претрпеа само мали загуби. Но и покрај овие бројки Кинаст при спорведување на реформите во земјоделството сака да го задржи курсот на квалитетно производство.