1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

130508 china rotes kreuz

14 мај 2008

Спасувачките тимови во југозападниот дел на Кина, кој пред два дена беше погоден од силен земјотрес, вложуваат вонредни напори за да му помогнат на настраданото население. Потребна е итна хуманитарна помош.

https://p.dw.com/p/DzUb
Погодениот регион, СечуанФотографија: AP

Два дена по катастрофалниот земјотрес во Југозападниот дел на Кина властите зборуваат за најмалку 20.000 загинати. Само во градот Јинџу, кој по катастрофата е остечен од останатиот дел на светот, се јавува за 7.700 настрадани. Овoj град се наоѓа најблиску до епицентарот на потресот. Државната агенција утринава јави дека првата единица од 100 елитни војници со падобрани се спуштила во овој град.

Инаку регионот Сечуан повторно беше погоден од силни потреси. Со големи проблеми се соочуваат спасувачките тимови кои се во потрага по преживеани под урнатините. Итно се потревни вода за пиење, лекови, шатори и други основни намирници.

Портпаролот на меѓународниот комитет на Црвениот крст во Пекинг, Францис Маркус, соопшти дека организацијата ќе побара од меѓународната заедница да испрати помош во шатори и друг вид засолништа за заштита на погоденото население. Кинескиот Црвен крст веќе обезбеди 557 шатори и 2500 ќебиња итна помош за настраданите во провинцијата Сичуан

„ Подготвуваме нов апел за меѓународна помош која ќе се фокусира пред се на работи како шатори, засолништа и други работи. Тие им се потребни на луѓето за да можат повторно да застанат на свои нозе, откако ги загубија своите домови и се наоѓаат под отворено небо. Ќе побараме и поддршка за доставување и распределба на опремата која ја обезбеди кинескиот црвен крст, која ни е итно потребна„ изјави Францис Маркус