2016 - година на загуби на познати личности

Џорџ Мајкл , Леонард Коен, Принц...Оваа година голем број познати уметници засекогаш ја напуштија бината. Ретроспектива на ѕвездите чија смрт посебно го погоди светот.

Како музичкиот свет годинава да не претрпе доволно загуби! Кратко пред крајот на годинава неочекувано почина и Џорџ Мајкл. Оваа година голем број уметници засекогаш заминаа од бината. Да потсетиме само на некои од нив: Дејвид Боуви, еден од најзначајните рок-музичари на минатиот век; Принц, кој компонираше, свиреше бројни инструменти, беше шоу-гениј и исклучително успешен продуцент; Леонард Коен со неговиот впечатлив баритон и поетската лирика кои раскажуваа приказни за љубов, омраза, смрт, војна и мир....

2016 - година на загуби на познати личности

Џорџ Мајкл († 25.декември, 53 години)

Како музичкиот свет годинава да не претрпе доволно загуби! Кратко пред крајот на годинава неочекувано почина и Џорџ Мајкл. Стана познат со дуото „Вам!“ во 1980-те години, од 1987. година почна соло кариера. На бината Џорџ Мајкл остана 40 години, продаде околу 100 милиони албуми. Ретроспектива на ѕвездите чија смрт посебно го погоди светот.

2016 - година на загуби на познати личности

Дејвид Боуви († 10. јануари, 69 години)

Дејвид Боуви важи за еден од најзначајните рок-музичари на минатиот век. Неговата музика опфаќаше најразлични стилови од глам рок, њу романтик, краутрок и денс музика, па се до алтернативен рок, соул и хард рок, комбинирано со неверојатна мешавина од личности. Со продадени 140 милиони носачи на звук, Боуви е еден од најуспешните музички ѕвезди.

2016 - година на загуби на познати личности

Умберто Еко († 19. февруари, 84 години)

Кога универзитетски професор и лингвист ќе одлучи да напише роман, не мора секогаш да биде крунисано со успех. Но Умберто Еко токму со својата професија професор знаеше да пишува романи интересни и за пошироката публика. „Името на розата“ во 1980. година стана бестселер во цел свет. Неговите романи се преведени на 60 јазици.

2016 - година на загуби на познати личности

Џорџ Мартин († 8. март, 90 години)

Битлси знаеле точно да „намирисаат“ кога потпишале договор со музичкиот продуцент Џорџ Мартин. Тој продуцираше песни како „I Want to Hold Your Hand" или „Yesterday". Неретко Мартин го нарекуваат и „петтиот Битлс“.

2016 - година на загуби на познати личности

Принц († 21. април, 57 години)

Таков го сакаа фановите, откачен“ и  самоуверен: Принц Роџер Нелсон беше мал по раст, но со огромно его. Роден во Минеаполис како син на пијанист и џез-пејачка, тој достигна до врвот на популарноста во музичката бранша во САД. Компонираше, свиреше бројни инструменти, беше шоу-гениј и исклучително успешен продуцент. По Боуви, со Принц замина музичар кој остави печат на 20. век со својата музика.

2016 - година на загуби на познати личности

Бад Спенсер († 27. јуни, 86 години)

Спенсер, роден во Неапол во 1929 година под името Карло Педерсоли, стана познат и омилен заедно со Теренс Хил, преку филмовите како „Четири тупаници за алелуја“, „Две небески кучиња на пат кон небото“. Нееднаквиот дует со децении жнееше меѓународни успеси пред камерите и остави печат врз жанрот италијански шпагети вестерн во 1960-те години.

2016 - година на загуби на познати личности

Анджеј Вајда († 9. октомври, 90 години)

Тој е „сликар на историјата на полското кино“, рече еднаш за себе полскиот режисер, и - имаше право. Темите на Вајда беа историјата и сегашноста на Полска, од 19. век до движењето „Солидарност“ во 1980-те години. Вајда доби бројни меѓународни признанија, а во 2000. година и Оскар за животно дело.

2016 - година на загуби на познати личности

Олег Попов († 2. ноември, 86 години)

Олег Попов одушевуваше генерации деца со улогата на „Иванушка“. Притоа, неговите скечови беа длабокомислени. Критичарите и фановите го нарекуваа „кловн-сончев зрак“ или „циркуски поет“. Тој почина ненадејно за време на турнеја во Ростов на Дон.

2016 - година на загуби на познати личности

Леонард Коен († 7. ноември, 82 години)

Коен беше еден од највлијателните музичари и текстописци кој се појави во 1960-те години. Неговиот впечатлив баритон и поетската лирика раскажуваа приказни за љубов, омраза, смрт, војна и мир, со што ја заработи титулата „висок свештеник на патосот“ и „кум на мракот“. Неговото дело опфаќа пет децении во кои објави 14 студиски албуми, од кои последниот во октомври 2015. година.

2016 - година на загуби на познати личности

За За Габор († 18. декември, 99 години)

Дали навистина имаше 99 години, не е познато, зашто Габор своите години радо ги чуваше во тајност. За разлика од возраста, не беа тајни нејзините осум брака со најчесто познати мажи или бројните љубовни афери. Унгарката За За Габор поради акцентот играше главно споредни улоги. Стана позната по улогата во филмот „Мулен руж“.

Повеќе од оваа рубрика

Следете нѐ