1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

41 лице загина во железничката несреќа во Црна Гора

24 јануари 2006

Црна Гора е во шок по вчерашната голема железничка несреќа во близина на Подгорица во која според последните информации загинале 41патник, а 184 се повредени.

https://p.dw.com/p/Ac9Y
Фотографија: AP

Дефект на сопирачкиот систем е причината заради која патничкиот воз кој сообраќаше на релација Бело Поље-Бар излета од пругата и се урна во кањонот Морача

Црногорските власти стравуваат дека бројката загинати, меѓу кои има и пет деца нема да биде конечна. Речиси половина од вкупно 184 повредени патници се деца кои според информациите се враќале од зимски одмор.

Директорот на клиничкиот центар во Подгорица Миодраг Ѓуровиќ потврди дека 14 тешко повредени се сместени на оделението за интензивна нега. 34 деца се задржани на лекување, а оастанатите се пуштени дома.

Потпретседателот на владата Мирослав Иванишевиќ доцна синоќа соопшти дека акцијата за спасување била завршена. Според неговите податоци во моментот на несреќата во возот се наоѓале повеќе од 200 патници.

Првичните информации од истрагата покажале дека најверојатна причина за несреќата бил дефект на сопирачкиот систем на возот кој вчера нешто по 17 часот излета од шините. Четири од вагоните завршиле во 30 метри длабокиот кањонот на реката Морача, кај местото Биоче на десетина километри пред Подгорица.

Претседателот Филип Вујановиќ и премиерот Мило Ѓукановиќ го посетија местото на несреќата и изразија сочувство до семејствата на загинатите.

Министерот за транспорт Андрија Ломпар и директорот на железницата Ранко Меденица по несреќата поднесоа оставка од функциите.