1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

5Г: Авиокомпаниите во САД предупредуваат од хаос

ЖА
18 јануари 2022

Американските патнички и транспортни авиокомпании предупредија од „катастрофална криза“ во авионската бранша и бараат ограничување на 5Г безжичната мрежа во близина на аеродромите.

https://p.dw.com/p/45fu3
USA, Chicago |  O’Hare International Airport
Фотографија: Brian Cassella/Chicago Tribune/TNS/ABACA/picture alliance

Планираното вклучување за утре на т.н. 5G- C-Band безжична технологија би можело во САД да „онеспособи“ бројни авиони и да предизвика стотици илјади Американци во странство да останат заглавени на аеродромите, со што би настанал хаос, се вели во соопштението што вчера го објавија повеќе концерни, меѓу кои и Американ Ерлајнс, Делта Ерлајнс, Јунајтед Ерлајнс.

6Г мрежата доаѓа

Во меѓувреме некои авионски компании размислуваат и околу сторнирање на одделни меѓународни летови. Истовремено, веќе засилено се работи на изнаоѓање можни решенија, за да се избегне доцнење на авионите или откажување летови. Американската федерална управа за авијација уште претходно предупреди од евентуални влијанија кои безжичната мрежа 5Г може да ги има врз сензитивната авионска електроника, како што се висинометрите.

Авиокомпаниите бараат да се имплементира насекаде во земјата, освен на приближно 2 милји (3,2 км) од аеродромските писти на клучни аеродроми.

Двата водечки американски мобилни оператори AT&T и Verizon се согласија на создавање тампон зона околу 50 аеродроми заради намалување на ризиците, како и на натамошни чекори во следните шест месеци.