1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

70 години од Бухенвалд

15 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BG2w

Со спомен час во Бухенвалд, денеска е потсетено на 70-годишнината од изградбата на концетрациониот логор во тоа место. Министерот за култура на Тирнген Јенс Гебел на претседателот на меѓународниот комитет Бухенвалд-Дора, Бертранд Херц му ја предаде спомен-книгата со имињата на повеќе од 38 илјади загинати во овој логор. Имињата се откриени во десетгодишната интензивна работа во архивите во Германија, Шпанија, САД и Русија, изајви Гебел. Бухенвалд беше отворен на 15 јули 1937 година, за ослободен во април 1945 година и беше еден од најголемите концентрациони логорои во времето на нацизмот.