1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

70 години германски Устав: Не нѐ абортирајте!

Гена Кетелс / Оксана Евдокимова
23 мај 2019

Натали Дедро се бори за еднакви права на лицата со попреченост. Таа иницираше петиција за забрана на тестовите на крв за рано откривање на генски дефекти. „Дауновиот синдром е 'кул'“, вели таа.

https://p.dw.com/p/3Ixu4
Video-Still SoMe DW-Stories Grundgesetz Englisch
Фотографија: DW

"Дауновиот синдром всушност е „кул“. Ние само сакаме да бидеме како сите други“, вели Натали Дедро.

Таа има 20 години и се бори за еднакви права за различно способни лица. Сѐ уште живее со своето семејство, но сон ѝ е да се исели и да живее независен живот. Со своето момче е заедно една година.

„Сакам сама да одлучам дали да основам свое семејство. И, ако останам бремена, тогаш сакам самата да одлучувам што ќе јадам, а не да бидам контролирана цело време и да се носат одлуки за мене“, вели уверено таа. 

Како Натали се бори за еднакви права на лицата со хендикеп и што ѝ рече на канцеларката Ангела Меркел, во видеото:

Не нѐ абортирајте!