1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дрогите „крек“ и фентанил забрзано се шират во Германија

6 април 2024

„Крек“ - кокаинот кој може да се пуши екстремно брзо се шири во Германија, а и синтетичките опијати како фентанил одамна се присутни во земјата. Тоа се ефтини дроги со смртоносни последици.

https://p.dw.com/p/4dOGG
Екстремно висок потенцијал за создавање зависност: Тешки зависници пушат до 50 лулиња со „крек“ дневно
Екстремно висок потенцијал за создавање зависност: Тешки зависници пушат до 50 лулиња со „крек“ дневноФотографија: Andre Penner/AP/picture alliance

Нелегалната дрога која и во Германија станува сѐ поголем проблем, изгледа сосема безопасно, како светол шеќер во кристали. Затоа што има толку лош имиџ, дрогата ја викаат само „бело” или „камења”. Кога загреани на 96 Целзиусови тепени овие кристали испаруваат во луле се слуша звук на крцкање и од таму и англиското име „крек”. Тоа е мешавина од кокаин, сода бикарбона и вода којадејствува најдоцна по 10 минути, побрзо од која било  друга дрога и предизвикува екстремна зависност. При предозирање настапува моментална смрт.

„Прво е важно да се погрижиме луѓето да преживеат затоа што состојбата е загрозувачка. Ако си претстави човек дека супстанциите може да бидат конзумирани на секој половина час, нема многу време за организмот да се регенерира, речиси нема време за да се јаде, за лична хигиена или за згрижување на раните", вели Михаел Харбаум за ДВ. „Крек е кокаин што може да се пуши и ако се конзумира со денови предизвикува и психотична состојба", вели тој.

Брзо се шири

Харбаум работи веќе 20 години во Службата за помош за наркозависници во Дизелдорф и прво бил шеф, а сега е и директор на надзорниот орган. Социјалниот педагог има видено сешто во градот со 630 илјади жители. Но, тоа што „крекот“ го прави со зависниците е сосем друга димензија. Во 2017 година неговата организација забележала само неколку стотици случаи со „крек“ во регионот Дизелдорф.

„Најголемата промена што ја забележавме во Германија во последниве години е, се разбира, крекот“ - Михаел Харбаум
„Најголемата промена што ја забележавме овде во последниве години е, се разбира, крекот“ - Михаел ХарбаумФотографија: Privat

Минатата година бројката изнесува веќе 31 илјада случаи. „Екстремно брзо се шири, па се менува и однесувањето и страдањето на луѓето кои доаѓаат кај нас. „Крек“ е супстанца која дејствува многу силно и многу брзо, но и брзо попушта дејството, па притисокот да ја конзумираат повторно е многу голем", вели тој. „Често лулето си го делат затоа што немаат доволно пари, па за пет евра си купуваат по неколку камења и секој влече по еднаш", вели Харбаум.

Континуирано расте бројот на мртви

Во 2022 година починале речиси 2 илјади луѓе во Германија од последиците на конзумирање дроги. Тоа е рекорд во последните 20 години. Хероинот и долгорочните последици од конзумацијата на опијати се причина број еден за смрт меѓу наркозависниците, но и труења со кокаин и „крек“ придонеле за повеќе од 400 смртни случаи. Професорот Даниел Дајмел, кој истражува зависности и заедно со други експерти ги разви препораките за начинот на третирање на проблемот со „крек“, за ДВ вели дека „Крекот веќе 20 години е тема во Франкфурт на Мајна, Хамбург и Хановер. Од 2016 година дрогата се шири и во западна Германија и други големи градови како Берлин, затоа што Европа е преплавена од чист кокаин", вели Дајмел. „Пазарот за наркотици експандира бидејќи производството на кокаин во Колумбија е зголемено. Има поголема разноликост на пазарот и меѓу производителите", вели професорот.

„Маѓепсан круг помеѓу интоксикација и несреќни искуства преку депресија и самоубиствени тенденции“ - Даниел Дајмел
„Маѓепсан круг помеѓу интоксикација и несреќни искуства преку депресија и самоубиствени тенденции“ - Даниел ДајмелФотографија: privat

Фезер сака соработка со властите во Јужна Америка

Ненси Фезер штотуку се врати од Јужна Америка, односно од Бразил, Еквадор, Колумбија и Перу каде се залагаше за засилена полициска соработка против меѓународната трговија со дрога. Од Јужна Америка се повеќе кокаин преку Антверпен, Ротердам или Хамбург стасува во Европа. Дајмел нема големи илузии и вели дека во Германија има пазар за кокаин и заради големата побарувачка има и големо прозиводство. „Живееме во општество во кое се работи на високо ниво. Кокаинот сега веќе се користи и од многу луѓе од граѓанскиот слој заради што има и некаква нормализација. Тоа веќе не е дрогата на богатите, на добро нафатираните и на уметници и медиумски работници, што е клише од 80-тите и 90-тите години."

За „крек“ нема замена

Во форма на „крек“, кокаинот се појави и во жариштата на големите градови во Германија. Дајмел минатата година ја истражувал отворената сцена за наркотици во Келн и резултатите се евидентни – речиси сите конзументи наведуваат дека барем еднаш користеле и „крек“. Многумина од нив се бездомници. Во контекст на „крек“ се зборува за големи психички проблеми. Најголем проблем според Дајмел е што нема заменско средство.

„Крек“ е веќе наголемо присутен во германските градови
„Крек“ е веќе наголемо присутен во германските градовиФотографија: YASUYOSHI CHIBA/AFP/picture alliance

„За хероин веќе има одлични интервенции како третман со заменската супстанца метадон. Но, за „крек“ нема лек кој е регистриран и помага против зависноста што значи дека ни се потребни истражувања. И амбуланта за итна помош која ќе работи  24/7", вели тој.

Засилена конзумација и на синтетички дроги

Во Диселдорф Харбаум деновиве успеал 11 зависници да ги смести во ново сместувалиште веднаш до главната железничка станица. Тоа располага со обезбедување, социјални работници и поединечни простории кои може да се заклучат. Моделот според експертите треба итно да биде земен за пример и на други места, затоа што заедно со „крек“ веќе се шират и синтетичките опијати како фентанил.

Синтетичкиот опијат фентанил е многукратно поопасен од хероинот
Синтетичкиот опијат фентанил е многукратно поопасен од хероинотФотографија: Jae C. Hong/AP/picture alliance

Лекот против болки за луѓе на умирање или заболени од канцер се меша со хероин. Во САД секоја година 10 илјади лица умираат од предозирање. Германската агенција за помош на лица со сида во пилот-проект кој траел половина година утврдила дека во 17 реони во кои се конзумира дрога во Германија 3,6 проценти од пробите имало траги на фентанил.

„Претпоставуваме дека бројката во следните 12 до 18 месеци ќе расте", стравува Дајмел. „Опијатите се мешаат со хероин и проблемот е што тие се значително посилни отколку смртоносната доза. Од фентанил доволни се два милиграма, што е колку врвче од молив“, нагласува Харбаум.