1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светски рекорд на Европското првенство во ракомет

11 јануари 2024

На отворањето на Европското првенство во ракомет на фудбалскиот стадион во Диселдорф беа присутни рекордни 53.586 гледачи.

https://p.dw.com/p/4b6WQ
Европско првенство во ракомет во Диселдорф
Рекорден број посетители на отворањето на Европското првенство во ракомет во ДиселдорфФотографија: Martin Meissner/AP Photo/picture alliance

За првиот натпревар на Европското првенство во ракомет, фудбалскиот стадион во Диселодорф беше адаптиран во ракометна арена. Мечот на домаќинот,  ракометната репрезентација на Германија,  во кој таа убедливо го победи противникот, селекцијата на Швајцарија со резултат 27:14, го гледаа 53.586 навивачи.

Македонските ракометари пак во Диселдорф загубија со 39:29 од Франција.