1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамГерманија

Германија: Откриена исламистичка терористичка ќелија

ЖА / агенции
6 јули 2023

Во покраината Северна Рајна Вестфалија се уапсени седум членови на терористичка ќелија блиска до „Исламска држава“, за кои постои сомнвање дека планирале изведување напади во Германија.

https://p.dw.com/p/4TUfA
Полиција Германија
Во полициска акција се уапсени седум припадници за кои постои сомневање дека планирале напади во ГерманијаФотографија: Dwi Anoraganingrum/Panama Pictures/picture alliance

Во германската сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија е откриена исламистичка терористичка ќелија и се уапсени седум нејзини членови, под сомнение дека планирале изведување напади во Германија во името на терористичката организација „Исламска држава“, соопшти Сојузното обвинителство. 

Според наводите на Сојузното обвинителство, уапсените потекнуваат од Таџикистан, Киргистан и Туркменистан и се на возраст од 20 до 45 години.

Кратко по почетокот на руската агресорска војна против Украина, осомничените во пролетта 2022 година допатувале во Германија, а во јуни се здружиле во терористичка ќелија со намера во земјата да извршатнапади во духот на „Исламска држава“,кои ќе предизвикаат широк одек во јавноста, се вели во соопштението на Сојузното обвинителство.

Групата уште немала подготвено конкретен план за напад, но осомничените веќе имале во вид потенцијални објекти како своја цел и веќе вршеле нивна и опсервација на околината, а направиле и обиди за набавување на оружје.

Сојузното обвинителство ги товари уапсените исто така за „поддршка на странското терористичко здружение ’Исламска држава’",со чиј регионален огранок, „Исламска држава на провинцијата Корасан“,биле во контакт. 

Од април минатата година шест од осомничените собирале пари за потребите на ИД и ги испраќале во странство.

Истрагата против осомничената терористичка ќелија германското обвинителство ја водело во соработка со Сојузната служба за заштита на уставот и со холандските власти. И во Холандија се уапсени еден маж и една жена.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема