1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фустан на Мерилин продаден за 4,8 милиони долари

Ж. Ацеска
18 ноември 2016

Свилениот фустан на Мерилин Монро, украсен со 2500 кристали, на аукцијата во Беверли Хилс значително ја надмина проценетата продажна цена од 2,3 милиони долари.

https://p.dw.com/p/2Ssph
Happy Birthday Mr. President Marilyn Monroe Dress
Фотографија: Reuters/Julien's Auctions

Тесно припиениот светкав фустан, во кој филмската ѕвезда Мерилин Монро во мај 1962 година на тогашниот американски претседател Џон Кенеди му отпеа роденденска песничка за неговиот 45-ти роденден, е продаден на аукција за 4,8 милиони долари. Со тоа свилениот фустан, украсен со 2500 кристали, на аукцијата во Беверли Хилс значително ја надмина проценетата продажна цена од 2,3 милиони долари.

4,8 милиони долари за фустанот на Мерилин

Фустанот во боја на кожата на Мерилин Монро ѝ даваше привид дека е гола и претставуваше провокација. Тој беше толку тесен, што под него Мерилин не носеше ништо. Мерилн Монро умре три месеци по легендарниот настап во њујоршкиот Медисон Сквер како последица на преголема доза таблети за спиење.