1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Хезболах испали ракети врз Израел

ЕМФ | агенции
6 јануари 2024

Хезболах соопшти дека истрелал повеќе од 60 ракети врз израелска база.

https://p.dw.com/p/4avGp
Воени вежби на Хезболах во јужен Либан
Воени вежби на Хезболах во јужен Либан (архивска фотографија)Фотографија: Houssam Shbaro/AA/picture alliance

По убиството на заменик-шефот на Хамас, Салех ал-Арури во Либан, проиранскиот Хезболах соопшти дека истрелал повеќе од 60 ракети врз израелска воена база. „Како дел од првичниот одговор на злосторството за убиството“ на Ал-Арури, Хезболах ја гаѓаше „воздухопловната база Мерон со 62 различни видови ракети“, соопшти денеска (5.01) милицијата која му е сојузник на Хамас.

Израелската армија соопшти дека денеска идентификувала околу 40 лансирања на ракети од либанска територија. Набргу потоа, израелските сили погодија ќелија одговорна за некои лансирања на ракети, соопшти армијата. Во градовите и селата во северен Израел се слушаше аларм за тревога од воздушни напади, кој подоцна беше активиран и во Голанската висорамнина окупирана од Израел.

Ал-Арури и шест други членови на Хамас беа убиени во вторникот во напад врз канцеларија на палестинската организација во јужно предградие на Бејрут. Израел не ја презеде одговорноста за нападот, но неименуван претставник на американската одбрана за АФП изјави дека земјата го извршила нападот. Ал-Арури се сметаше за важен воен стратег на Хамас и еден од неговите лидери на Западниот Брег. Израел го обвинува за планирање на голем број напади.