1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Kога рацете (погрешно?) зборуваат

31 март 2010

Оној кој не може да се искаже со зборови, комуницира со раце и нозе. Но сепак гестовите не се секогаш разбирливи како што се мисли. Прирачникот „Не ме разбирај погрешно!“ помага да се избегнуваат недоразбирања.

https://p.dw.com/p/Mhaw
Во Аргентина ова значи-прекини да брбориш...Фотографија: Florian Bong-Kil Grosse

Пред две илјади години во стариот Рим еден гест можел да одлучува за живот или смрт. Се вели, палецот на императорот ја одредувал судбината на гладијаторите. Но тоа не се знае со сигурност. Можеме дури и да не се согласиме за значењето на подигнатиот палец. Тој гест во Германија на пример значи „број еден“ или во другите земји „во ред“. На автопат во Мексико палецот се крева како знак за автостоп. Но во Иран, Иран и Авганистан тој е вулгарна навреда од најлош вид.

Неми недоразбирања

Книгата „Не ме разбирај погрешно!“ на првите страници покажува слики од палци кои изгледаат навидум исти, но во различни земји можат да имаат различни значења. Книгата ја напишаа новинарките Јулија Гросе од Лондон и Јудит Рекер од Јоханeсбург. Двете сфатиле дека едноставни движења на раката доведуваат до недоразбирање. Гросе сакала да го види пазарот во суданскиот главен град Картум кога една жена очигледно се тргнала на страна. Дури подоцна дознала дека мафтање со рака во некои земји има сосема спротивно значење од она кое новинарката го асоцирала со гестот, лицето на кое му мафта да и‘ се доближи.

Колешката на Гросе, Јудит Рекер прашала продавач во книжарница во Египет за одреден роман. Тој само ја погледнал, ги споил врвовите на прстите и заминал во другата просторија. „Што сакаш всушност!“, означува овој гест во Италија, каде Рекер го научила. Таа ја напуштила продавницата. Притоа продавачот само сакал да го побара романот во соседната просторија. Во Египет споените врвови на прсти значат пријателска молба за момент трпение.

Flash-Galerie Gesten
Буш и прстите-роговиФотографија: picture-alliance/dpa

Дали Џорџ Буш помладиот е обожавател на хеви метал?

Гросе и Рекер во 2008 година разговарале во едно минхенско кафуле за гестовите и искуствата со нив. Започнаа да истражуваат различни значења на гестовите. Поранешниот претседател на САД Џорџ Буш помладиот, на пример, поздравува со подигнат показалец и мал прст притоа останатите прсти се свиткани во тупаница. Тоа на концерти значи „тоа е многу добро“, доаѓа од хеви метал музиката и ги означува роговите на ѓаволот. Буш пак локално-патриотски укажува на говедото со долги рогови од неговата изборна татковина Тексас. Кога Силвио Берлускони го направи истиот гест зад грбот на шпанскиот министер за надворешни работи беше политички скандал. Бидејќи во Италија тоа е навреда и значи: „Твојата жена те изневерува“, таа „ти набива рогови“.

Новинарките собраа околку педесет различни гестови од исто толку земји. Нивната книга има малку текст и многу слики од раце фотографирани во Хамбург и Берлин од братот на Јулија Горсе, Флориан Бонг-Кил Гросе. За среќа Флориан е префекционист, вели Јулија Гросе, бидејќи визуелниот концепт бара прецизни фотографии. Книгата треба да ги прошири сфаќањата за интеркултурно различните значења на гестовите. „Има репертоар од гестови со кои се смета дека човек може некако да комуницира во цел свет“, кажува Гросе. „Но не е така едноставно, ние сакавме да го насочиме вниманието на тоа.“

Flash-Galerie Gesten
Подигнат палец некаде значи знак за автостопирање или за задоволство, а во Ирак, Иран и Авганистан, навредаФотографија: Florian Bong-Kil Grosse

Два средни прста за прославување на денот

Барем во текот на работата на книгата, новинарките станале повнимателни, вели Гросе. На пример, им паднала во очи скијачката Марија Риш, која по добивањето на вториот златен медал на Олимписките игри во Ванкувер направила гест од показелецот и средниот прст во форма на латинската буква „ве“. Тоа значи во многу земји број два, но Риш го направи гестот со надворешниот дел на дланката напред.

Flash-Galerie Gesten
Гестот на Берлускони му беше смешен само нему!Фотографија: picture-alliance/dpa

„Во Велика Британија и други земји тоа би било два средни прста“, вели Гросе. Потенцијално опасни се општите гестови кои во една земја значат нешто безопасно, а во друга се вулгарна навреда. Во тоа се вбројуваат покрај подигнатиот палец и обратниот „ве“ гест, исто така и свиткувањето на показалецот и палецот во форма на круг или испружената рака со раширени прсти.

Кој досега поаѓал од тоа дека гестовите се вид нем есперанто, може да се успокои. Барем еден гест според истражувањата на Гросе и Рекер има едно единствено значење ширум светот. Испружениот среден прст бил познат уште од стариот Рим. Го нарекуват „дигитус импудикус“ или непристојниот прст.

Автор: Арни Куопамаки/ Ана Стојиловска

Редактор: Жана Ацеска