1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Mини мировен самит за Блискиот Исток во Анкара

13 ноември 2007

На покана на Турција,за изгледите за мир во регионот разговараа претседателите на Израел и на Палестинците , Шимон Перез и Махмуд Абас.Тие изразија надеж дека конференцијата за Блискиот Исток во САД ќе донесе успех.

https://p.dw.com/p/CAz9
Шимон Перес, Абдула Ѓул и Махмуд Абас се ракуваат по средбата во АнкараФотографија: AP

Конференцијата во САД е можност што не треба да се пропушти, порачаа претседателите на Израел и на Палестинците на прес-конференцијата во Анкара што ја одржаа заедно со турскиот претседател Абдула Ѓул .

Абас и Перес оптимисти за мировниот процес

Иако засега обидите Израелците и Палестинците да изготват заеднички прифатлива документо за темите на таа конференција не донесоа успех , Шимон Перес и Махмуд Абас остануваат оптимисти . Перес на денешната конференција го нарече Абас пријател и човек на мирот додека палестинскиот претседател порача дека мир меѓу Палестинците и Израел ќе има ако еврејската држава ја оконча окупацијата на арапските земји .

„Доколку се случи тоа , повеќе нема да има војни и непријателства и сите луѓе во регионот ќе живеат во безбедност и мир.

Договор за заеднички индустриски зони на Западниот Брег

Перес и Абас излегоа на заедничката пресконференција само неколку минути откако заедно со Ѓул потпишаа договор за формирање на заеднички индиустриски зони на Западниот брег.

Овој договор ќе придонесе за мировниот процес – смета израелскиот претседател Перез и токму тоа е причината зошто израел се оприклуичил кон него:

„ Ние не сакаме да гледаме како палестинскиот народ страда , затоа што нема мир . Турција претстави конкретни предлози за изградба на индустриски зони на што се согласивме и ние и Палестинците“ – изјави Перес воочи потпишувањето на договорот .

Тој при вчерашното пристигнување во Анкара ја пофали Турција како демократска земја во муслиманскиот свет , која преставува против тежа на радикално исламистичките сили .

Перес какои Абас денеска имаат обраќање пред турскиот парламент , кое пак за 84-годишниот израелски претседател претставува посебна премиера. Имено тој е првиот шеф на еврејската држава кој говори пред парламентот на една муслиманска земја.