1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

#MyEscape

15 февруари 2016

Стотици илјади луѓе пристигнаа во Германија бегајќи од војни и насилство. #MyEscape (Моето бегство) ги споделува нивните драматични лични приказни за бегството користејќи фотографии и видеа снимени од самите бегалци. (Видеото е на англиски јазик)

https://p.dw.com/p/1HvcI

Стотици илјади луѓе избегаа во Германија. Бројките постојано растат, а приказните за бегството се драматични, единствени и шокантни- приказни кои денес се снимаат и споделуваат низ социјалните мрежи. Но, не од режисери или филмски екипи туку од самите бегалци. За повеќето, мобилниот телефон е главен услов за организацијата на бегството. Но тој е и средство за зачувување на споменот на оние кои останале, како и за снимање на фазите од нивното бегство. Безброј видеа кои го документираат патешествието на бегалците до Германија циркулираат низ социјалните мрежи. #MyEscape детално ви пренесува неколку од овие приказни на бегалците: за домовите кои ги оставиле зад себе, за заминувањето, тешкотиите при патувањето, нивното пристигнување во Германија, и конечно, нивните импресии од новата земја.
Бегалците самите ги опишуваат фотографиите и видеата, што дава потресна и блиска слика за овие луѓе, за домовите кои ги оставиле зад себе и за патувањето кое морале да го преземат во потрагата по безбедност.