1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„На Германија и` се потребни 1,5 милиони доселеници годишно”

3 јули 2023

Економскиот експерт Моника Шницер предлага поголем обем на доселеници како мерка против недостигот на стручна работна сила. Новиот закон е добро поставен, но државата сѐвкупно не бележи потребен напредок на темата

https://p.dw.com/p/4TLXN
квалификувани работници од странство Германија
Како да се привлечат повеќе квалификувани работници од странство - потребна е клима на добредојде, вели ШницерФотографија: Christoph Schmidt/dpa/picture alliance

Како мерка против растечкиот недостиг на стручна сила, експертката за економија Моника Шницер препорачува поголем број на доселеници. „На Германија ù се потребни 1,5 милиони доселеници годишно ако се одбие значителниот број на оние кои се отселуваат, иако сакаме секоја година да обезбедиме нови 400 илјади граѓани и така да го одржиме бројот на работната сила”, вели економистката за весникот „Зиддојче цајтунг”. На Германија итно ù е потребна култура на добредојденост, додава Шницер која раководи со Советот на експерти на сојузната влада. 

Да се инвестира повеќе во децата"

Законот за доселување на стручна работна силакој беше усвоен од Бундестагот, е чекор во вистинкиот правец, но потребно е и повеќе од тоа, смета Шницер. „Потребни се служби за странци кои нема да ги плашат, туку ќе им служат на луѓето”, вели Шницер. „Не би требало за секоја работна позиција да бараме кандидатите од странство да зборуваат германски, туку да се погрижиме вработените во институцијата да зборуваат англиски”, вели Шницер.

Економистката Моника Шницер
Економистката Моника Шницер раководи со Советот на експерти на сојузната влада - потребен е поголем обем на дослеување, смета таа Фотографија: Stefan Boness/Ipon/IMAGO

Таа смета дека Германија мора повеќе да инвестира во децата и критикува „дека е срамно што секое четврто дете во четврто одделение не знае убаво да чита”. Економистката вели дека компаниите мора соодветно да се грижат за повозрасните работници за да не заминуваат предвремено во пензија. Според Шницер, државата сѐвкупно не напредува „како што би можела и морала”. Економистката критикува дека не се инвестирало во инфраструктурата, дека се заостанува со дигитализацијата и дека предоцна се почнало со заштита на климата. 

„Сѐ е можно ако си упорен“

Либералите: и воспитувачи со помалку познавања на германскиот јазик

За Либералите во Бундестагот, поради недостигот на стручна работна сила во градинките, прифатливи се и воспитувачи од странство кои недоволно го владеат германскиот јазик. Во документ кој пратеничката група на ФДП треба да го усвои неделава, а за кој известуваше информативната емисија „Тагесшпигел”, се вели дека паралелно со извршувањето на професијата би можело да се стекне и познавања на јазикот на нужното ниво. „Во однос напостојаното доселување во Германија,на тој начин стручни сили би можеле во ограничен временски рок да бидат ангажирани во градинки со деца од јазичното подрачје од кое потекнува доселеникот”, се вели во документот. Многу доселеници доаѓаат со квалификацииод областа на педагогијата. „Таквите квалификации мора поедноставно, со помалку бирократија и побрзо, по можност во рок од 60 дена, да бидат признаени”, предлагаат Либералите. 

Според Сојузната служба за миграција и бегалци, за одредени професии, како на пример воспитувач, во многу покраини се бара познавање на германскиот јазик на ниво Ц1, односно напредни познавања. Во иднина ќе биде потребна поголема флексибилност за да се интегрираат во системот итно потребните стручни сили, се вели во документот на Либералите.