1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американскиот страв има ново име

Инес Пол/превод:НД18 август 2016

Доналд Трамп ја нарече Хилари Клинтон американската Ангела Меркел, т.е. жена која не е способна да ја заштити Америка од заканите. Оваа плитка парола беше одлично прифатена, пишува Инес Пол.

https://p.dw.com/p/1Jjml
Фотографија: imago/Jens Schicke

Кога мојот акцент го оддава моето германско потекло, американците со почит почнувааат да говорат за Ангела Меркел. На насловните страници на американските весници Меркел се слави како глас на разумот, лице на економскиот напредок и како мајка на германската нација. На неа се гледа како на гарантор на стабилноста и бесзбедноста на целиот еверопски континент. Селфито на Меркел со сириските бегалци во САД набрзо стана симбол на нова, великодушна Германија.

Потоа се случија нападите на дочекот на Новата година во Келн, по што следуваа стотици пријави за нападнати жени, сексуално насилство и грабежи. Културата на добредојде, набрзо се претвори во справаување со бегалската криза. Покрај нападите во Келн, Ангела Меркел исто така се соочи со големи политички проблеми во Германија и ЕУ. Нејзината самоуверена парола „Ние можеме“, во САД доби контекст: „Се плашиме“.

Истовремено, Новата година во САД почна со внатрепартиските борби за кандидатура на претседателските избори. Во трката за номинација, реториката на Доналд Трамп отворено се служеше со предрасуди и расизам, со што ги ослободи од сите табуа и на голема врата ги внесе во јавниот дискурс.

Pohl Ines Kommentarbild App
Инес Пол

Конечно, се појави политичар со одговори на проблемите кои ги разбираат обичните луѓе. Тој се претстави како човек кој знае зошто Америка се претвори во хаос, а тоа го објаснува без да води сметка за политичката коректност.Трамп без потешкотии ги именува виновниците за состојбите во САД и за нив, дава прости решенија Така, во неговиот репертоар, за економските проблеми виновни се Мексиканците и Кинезите, за војните тероризмот и муслиманите.

Доналд Трамп е способен да го почувствува расположението на граѓаните и истото да го исползува за политичко поентирање. Поради тоа, беше само прашање на време кога во кампањата ќе почне го користи променетиот однос на Германија и Европа кон бегалската криза. Преку Твитер, Трамп ја обвини германската канцеларка и нејзината политика кон бегалците за нападите во Париз. За Трамп, секој напад и секоја смрт во која е вмешан некој муслиман во Германија или Европа, е доказ дека тој е во право кога бара ѕидови на границите.

Сепак, и Трамп се соочува со проблеми. Откако ја освои номинацијата од републикаците, се чини како да го изгуби тлото на кое до тогаш цврсто стоеше. Анкетите постојано бележат подобрување на позицијата на Хилари Клинтон, додека соборците на Трамп полека го напуштаат. Во изборноит тим на Трамп полека попуштаат шавовите.

Ширење несигурност

Изборната страгетија на Трамп се заснова на ширење на несигурност, наместо понуда на политички концепт. Неговата пресметка истовремено е провидна и успешна: што повеќе народот се плаши, толку е поголема желбата за лидер со цврста рака, која едноставно ќе ги „исчисти“ проблемите. Тоа се совпаѓа со дилемата која моментално ја има и Ангела Меркел. Во политичката игра, асовите на Трамп се подгревање на стравот кај граѓаните и етикетирање на противничката Хилари како американската Ангела Меркел.

Во меѓувреме, настаните во Германија и нападите на Трамп придонесоа многу Американци да гледаат на канцеларката како симбол на пропадната надеж. Жената за која се веруваше дека „може“, најверојатно ќе се „сопне“ на својата неспособност да задржи цврст став, т.е. „да удри со раката по масата“ кога е неопходно. Жената на која многумина и дадоа доверба не беше доволно цврста да ја заштити земјата од „другите“. Всушност, жена која донесе терористи во својата земја. Речиси 15 години по нападите од 11 септември, стравот од повторувањето на такви напади е најсилното оружје на Трамп.

Поради тоа, споредувањето на Клинтон и Меркел е вешта тактика, едноставно затоа што тие две на прв поглед доста си личат. Исто така, на прв поглед, лесно е да се воочи дека Доналд Трамп е сосема поразличен од нив. Според неговите изјави, тој е човекот со цврстата рака која ќе ја заштити Америка од грешките на некои жени.