1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Арапска зима

Матијас фон Хајн/сн14 јануари 2016

Пред пет години тунискиот властодржец Бен Али избега од својот народ во странство. Тоа беше прв успех на арапската пролет, која во меѓувреме прерасна во арапска зима. Интервју за причините и последиците.

https://p.dw.com/p/1HctB
Фотографија: AFP/Getty Images/M. Bureau

Дојче Веле: На почетокот на 2011 година бран протести зафати големи делови од арапскиот свет. Револуционерна жестина протестите достигнаа во Тунис, Египет, Бахреин, Либија, Јемен и Сирија. Во меѓувреме еуфоријата на улиците и плоштадите - но и во главите на многу набљудувачи- е заменета од разочарување. Постои ли арапска земја, во која револуцијата успеа и ситуацијата за луѓето е подобра отколку пред пет години?

Муриел Асебург: Тунис е земјата во која имаше најголем напредок. Но сметам дека не може да се каже; револуцијата успеа. Барањата на револуционерите не се исполнети ниту во Тунис- токму на оние кои се однесуваа на социо-економските прашања, досега воопшто не им е посветено внимание: правична распределба, односот меѓу центарот и периферијата, корупцијата и непотизмот- на овие полиња немаше значаен напредок. Сепак: Тунис е земјата , во која по револицујата и процесот на трансформација кој започна потоа, барем на хартија, имаме политички поредок, кое е многу попартиципативен, поинклузивен и подемократски од порано.

Во другите земји билансот е разочарувачки: Либија имплoдира, Јемен исто така, Сирија е потоната во граѓанска војна, во Египет има воена диктатура. Беше ли Западот наивен во поддршката на револуциите?

Западот не беше наивен во поддршката на протестните движења и процесите на трансформација кои започнаа тогаш. Наивно беше очекувањето дека тие процеси брзо ќе доведат до демократија, правна држава и стабилност. Исправно беше, да се поддржат барањата на демонстрантите, кои беа насочени против закоравеноста, против произволноста, против етничката и религиозната дискриминација. Прашањето гласи: Дали поддршката беше доволна? Не требаше ли Западот некои други приоритети многу поизразено да ги стави настрана и со цела сила да ги поддржи овие движења и пред сѐ процесите кои следуваа?

Dr. Muriel Asseburg
Др.Муриел АсебургФотографија: SWP

На кои места посебно запнаа работите?

Сигналите, кои на пример Европејците ги испраќаа во регионот не беа доволно конкретни и јасни. ЕУ и нејзините земји-членки додуша рекоа: ја поддржуваме демократизацијата, правната држава, итн, меѓутоа истовремено беа подготвени да соработуваат со сите сили или со нереформираните безбедносни апарати, за да ја запрат нелегалната миграција, за да се борат против тероризмот, за да вршат протежирање на надворешната економија.

Колку и да се различни земјите на арапската пролет, можеби може да се именува заедничка точка, поради која пропаднаа револуциите?

При сите разлики, постои заедничка карактеристика: Постои регионално опкружување, кое нема интерес да дојде до поголемо учество на граѓаните во политичките процеси. Овие сили во земјите од арапската пролет влегоа во сојуз со групи, кои посакуваа чисто оддржување на власт или повторно влегување во власта, наместо да спроведат демократска транзиција.

За да бидеме поконкретни: може ли на пример да ја вброиме Саудиска Арабија во овие сили?

Да, конзервативните земји од Персискиот залив, пред сѐ Саудиска Арабија, во дел од земјите ги поддржуваа оние сили, кои спроведуваа контра-револуција и немаа интерес за демократска транзиција. Меѓутоа тоа не важи насекаде: во Сирија тие ги поддржуваа бунтовниците против постоечките властодржци.

Значи условите за живеење за многу луѓе се влошија по арапската пролет. Истовремено причините поради кои пред пет години луѓето излегуваа на улица и натаму постојат. Какви патишта незадоволството бара денес?

Во моментов гледаме три феномена. Прво опозицијата се искажува преку насилство наместо политички. Државите од регионот , согласно тоа се во голел дел ениормно дестабилизирано. Тоа не важи само за државите во кои владее граѓанска војна, туку важи и за Египет. Така таму насилството не е ограничено само на Синајскиот полуостров, туку се манифестира и на целата територија на земјата. Во други држави постои голем ризик од дестабилизација и насилство. Ќе ја споменам Саудиска Арабија. Вториот феномен е дека сѐ повеќе млади лиѓе се свртуваат кон џихадизмот. И третиот феномен е одлуката на многу млади во регионот да ги напуштат своите земји и среќата да си ја побараат во Европа или на некое друго место.

Др. Муриел Асебург е експерт за Блискиот и Средниот Исток при фондацијата Наука и Политика во Берлин. Во декември 2015 година беше објавена нејзината студија „Горчливата жетва на арапската пролет“.