1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Асад: Воените акции против опозицијата ќе бидат прекинати

18 август 2011

Сирискиот претседател Башар Асад ги информира ОН дека сириските сили ја пркеинаа операцијата против демонстрантите во земјата. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун бара итен прекин на сите апсења.

https://p.dw.com/p/12IeS
Фотографија: picture-alliance/dpa

Сирискиот претседател Башар ал Асад соопшти дека издал наредба на военото раководство за престанок на акциите против припадниците на опозицијата. За ваквиот чекор Асад го информирал телефонски генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, соопшти портпарол во Њујорк. Бан притоа изразил голема загриженост поради најновите извештаи за кршењето на човековите права и употребата на сила од страна на сириските трупи и милицијата. Генералниот секретар побарал итен прекин на сите воени операции и масовни апсења.

И вчера според активисти за човекови права во Хомс биле убиени повеќе цивили, а во Латакија беа уапсени стотици опозиционери.

Автор: ЖА/ АТ/ дв/ миа

Редактор: Трајче Тосев