1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Асанж остана без интернет

Ж.А. /агенции
18 октомври 2016

На основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, Еквадор, во чија амбасада во Лондон се наоѓа тој во азил, му го укина пристапот до интернет

https://p.dw.com/p/2RMcg
Großbritannien Wikileaks Assange (picture alliance/AP Photo/F. Augstein)
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/F. Augstein

Викиликс на Твитер објави дека интернет-пристапот на Џулијан Асанж во еквадорската амбасада во Лондон е „мртов“. Ова се случи кратко откако итнернет-платформата ги објави транскриптите од говорите на демократската кандидатка за претседател на САД, Хилари Клинтон, во инвестмент банката Голдман Сакс од 2013. година. Тесните контакти на Хилари Клинтон кон њујоршкиот финансиски свет се сметаат за нејзин минус како претседателска кандидатка.

Лондонската полиција и владата на јужноамериканската држава не сакаа да се изјаснат за обвинувањата за отсечување на Асанж од интернет. Од владини извори се вели дека Еквадор и натаму ќе го штити Асанж и ќе му го обезбедува во 2012. година одобрениот политички азил. Асанж преку четири години се наоѓа во еквадорската амбасада во Лондон за да се спречи неговото израчување во Шведска. Таму против него се води истражна постапка поради силување. 45-годишниот Асанж стравува дека Шведска ќе го израчи на САД, каде му се заканува процес за оддавање државни тајни. 

Викиликс објавува тајни документи, кои според платформата, се од јавен интерес. Интернет-платформата последно предизвика бранувања со објавените документи во рамките на американските претседателски избори. Викиликс публицираше електронска пошта на Џон Подеста,шефот на изборниот штаб на Клинтон, добиена од хакерски напади. Изборниот тим на Клинтон ја обвини Русија дека стои зад хакерските напади. Истовремено, тимот на Клинтон го обвини Викиликс дека со објавувањето на документите, предизвикува полза за републиканскиот кандидат, Доналд Трамп.