1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Барби полни 60 години

Сабине Оелце
9 март 2019

Таа е една од најпознатите жени на светот и своето време најчесто го поминува во детските соби. Во текот на својот живот таа се адаптираше на сите промени на времето. Барби го слави 60. роденден.

https://p.dw.com/p/3EhmK
Ausstellung Modewelten der Barbie-Puppe
Фотографија: picture-alliance/dpa

Најпознатата кукла на светот е родена на 9 март 1959 година во компанијата за играчки „Мател“. Се всели во многу детски соби во светот, а популарноста ја одржуваше и со тоа што се менуваше.