1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бразил - со малку тактика до многу титули

Филип Ферминен/Јан Валтер/ Жана Ацеска 13 јуни 2014

Бразил е познат по своите умешни играчи. Фудбалот како шах на трева притоа не е филозофија на првакот-рекордер. Сепак, тактичките потези имаат голем удел во успехот на бразилската селекција.

https://p.dw.com/p/1CHtl
Фотографија: Fotolia/mirpic

Бразилската фудбалска репрезентација отсекогаш се одликувала со вонсериски играчи. Во другите земји поим е првенствено нивното умешно владеење со топката. „Бразилски“ игра оној кој е полн со трикови, технички зрел и лесно го минува противникот. Така, речиси не изненадува што 8 од 23 светски фудбалери на годината, кои ФИФА ги прогласува од 1991. година, биле Бразилци. На второ место на оваа ранг-листа е Франција - трипати Зинедин Зидан, кој кога играл фудбал како мало момче на улиците на Марсеј секогаш сакал да биде „Бразилец“.

Меѓународниот интерес за тактичките иновации од Бразил, меѓутоа, се граничи со рамнодушност. Само двајца бразилски тренери во извесна мерка успешно тренираа европски тимови: Ото Глориа во1960-те години и Луиз Фелипе Сколари во 2006. година. Двајцата со Португалија стигнаа до полуфиналето на едно светско првенство.

Но и најталентираните стрелци во светот без цврсто одредени улоги на фудбалскиот терен не освојуваат светски титули, уште помалку дури пет.

Почетоци на покривањето на теренот

На првите светски првенства во 30-те години од минатиот век Бразил се‘ уште го следеше тогаш вообичаениот систем 2-3-5 со двајца одбранбени играчи, тројца во средниот ред и петмина офанзивни фудбалери. Светски прваци беа Италијанците и Уругвајците, кои уште тогаш се здобија со предност во играта со четворица или дури петмина играчи во средниот ред.

Fußball-WM 1970 Brasilien
Бразил-светски првак во 1970 годинаФотографија: picture-alliance/dpa

По војната дојде до дотогаш неспоредбено богатство варијанти во фудбалската историја. Во целина, играта стана подефанзивна. Во Европа доминираше Унгарија со флексибилен систем 4-2-4, Англија се сети на системот од Херберт Чепмен од 1920-те години - 3-2-5, односно формација 3-4-3. Швајцарците, домаќини на Светското првенство во 1954 година со тренерот, Австриецот Карл Рапан, играа според неговиот систем, кој важи за основа на италијанската одбрана „Катеначио“.

Заедничко за сите овие стратегии е основната идеја во одбраната: човек против човек. Во ова време Зезе Мореира, шефот на тимот на Бразил, го смисли покривањето на теренот. Наместо на секој човек да му одреди противиграч, Мореира го „скрои“ средниот ред во една линија, за да ги затвори просторите. Тоа не беше сепак доволно за победа на првенството. Бразил во четвртифиналето загуби од Унгарија во т.н. „Битка во Берн“.

Почетоци на модерниот фудбал

Долго посакуваната титула ја донесе во Шведска четири години подоцна Висенте Феола. На хартија, неговиот тим ја имитираше Унгарија со 4-2-4. Но, во праксата, неговата екипа го играше до денес модерниот систем 4-4-3.

Марио Загало, кој тогаш како играч ја освои својата прва титула, тактиката од 1958-та еднаш вака ја објасни: „Јас бев центарфор, но можев да го заменувам и Нилтон Сантос (во одбраната, н.з.). Во дефанзива му помагав на Нилтон како дупли играч во напад од средниот ред или му помагав на Зито и Диди во средниот ред“.

Mario Zagallo mit WM-Pokalen
Марио Загало со трофеитеФотографија: picture-alliance/dpa

Тотален фудбал

Истиот Загало ја револуционираше фудбалската тактика на Светското првенство во 1970. година во Мексико, овојпат како тренер. Тој кратко претходно го презеде тимот и беше во тешка ситуација да мора да се снајде со петмина играчи-ѕвезди во средниот ред: Клодоалдо, Герсон, Ривелињо, Жаирзињо и Пеле. Комплексните линии на нивниот напад и затворањето на просторот во одбраната, на извесен начин беа предвесник на „тоталниот фудбал“ на холандската репрезентација од 1974 година. А капитенот Карлос Алберто Торес ги смисли позициите на модерните крилни играчи.

„Екипата од 1970. година врз основа на својата тактика беше најдоброто што го имавме некогаш“, смета тренерот Марио Загало, „но тоа тоа беше можно само тогаш, зашто се состоеше од екстремно интелигентни играчи“.

Повторно откривање на 4-4-2

За Бразилците по 1970 следеше најдолгиот „посен“ период. Тој заврши дури во 1994. година во САД, кога Карлос Пареира, со Загало како ко-тренер го реактивираше системот 4-4-2, со кој победија Англичаните како домаќини во 1966. година. Системот во различни варијанти и по 2000. година важи како поим за модерен фудбал и ја сочинуваше тактичката база на Шпанците на последното Светско првенство во 2010. година во Јужноафриканската Република.

WM 2006 Deutschland gegen Portugal
2006 година - Германија против Португалија: тренерите Клинсман и СколариФотографија: picture-alliance/dpa

Во добивањето на титулата во 2002 година на Бразилците сепак им помогна всушност застарениот систем 3-5-2, со кој во доцните 1980-ти години владееја Германија и Аргентина, дополнува Луиз Фелипе Сколари, објаснувајќи ја финесата дека формацијата се претворала во одбраната во 5-4-1. Со слична тактика во 2006. година победи Италија во 2006 година на Мундијалот во Германија.

Кон шестата титула

Модерниот фудбал во меѓувреме е незамислив без офанзивни играчи од средниот ред кои одат и назад во одбраната. Во 2010 најраспространет систем беше 4-2-3-1, што во дефанзива е 4-5-1, во кој и самиот напаѓач често учествува во спречувањето на противничкиот напад на неговата половина од теренот.

Ова беше формацијата со која Бразил победи на Купот на конфедерации во 2013-та, а ќе видиме што ќе нуди и дали ќе успее оваа година да стигне до шеста титула.