1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Бројот на загинати на Сулавеси не е конечен

СН/ агенции
2 октомври 2018

Четири дена по катастрофалниот земјотрес и цунамито на индонезискиот остров, ситуацијата во погодените региони е сѐ уште хаотична и непрегледна. Бројот на жртвите и натаму се зголемува.

https://p.dw.com/p/35r1t
Indonesien Palu Zerstörung nach Tsunami
Фотографија: Reuters/Antara Foto/D. Fatir

Бројот на загинати во двојната природна катастрофа на островот Сулавеси порасна на 1234, соопшти денеска индонезиската агенција за заштита при катастрофи. Портпаролот на агенцијата, Сутопо Пурво Нугрохо новиот црн биланс од катастрофата го објави на пресконференција во Џакарта.

По земјотресот со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала, цунами го погоди градот Палу и блиските региони на Сулавеси. Нугрохо истакна дека 799 лица претрпеле тешки повреди, како и оти е извесно дека бројот на загинати и натаму ќе расте, бидејќи жртвите во местата Сиги и Балароа сѐ уште не се пребројани.

Karte Sumba Erdbeben Indonesien DE

Повеќе:

-Преку 800 жртви во Индонезија

-Стотици жртви на чудовишното цунами во Индонезија

Според проценките на ОН на 190 илјади луѓе на островот во моментов итно им е неопходна помош. Ситуацијата на Сулавеси е непрегледна и се заострува од момент во момент. на луѓето во прв ред им недостасуваат јадење, вода за пиење, лекови и привремени сместувалишта. Се јавува дека очајните преживеани жители на погодените места ограбуваат продавници.

И додека островот Сулавеси по цунами-катастрофата и натаму тоне во хаос, еден друг индонезиски остров во меѓувреме истотака беше погоден од силен земјотрес. Потресот достигна интензитет од 6,3 степени споре Рихтеровата скала и беше почувствуван на островот Сумба. Извештаи за жртви или материјални штети од таму засега нема.