1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Бурата „Себастијан“ однесе две жртви

ЕМФ /агенции
14 септември 2017

Првата голема бура на сезоната однесе две жртви и предизвика штети во северна и западна Германија.

https://p.dw.com/p/2jwNk
Deutschland - Unwetter: Herbststurm in Berlin
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen

Бурата „Себастијан“ со себе донесе силен ветер и дожд. На северот на Германија ветрот корнеше дрвја. Едно лице во Хамбург загина од урнато скеле, додека во Брилон едно лице го загубило животот кога смрека попуштила под силата на ветрот. Старица во Вик беше исто така погодена од дрво и е тешко повредена.

Градинките беа затворени, а откажани беа и спортски натпревари.

Оние кои патуваат до работното место сѐ уште се соочуваат со проблеми. Железницата соопшти дека сѐ уште комплетно се затворени четири линии, а на некои линии за сообраќај се отворени само одделни шини.

Германските метеоролози предупредуваат дека невремето се преместува во југозападниот дел на земјата.

Прва голема бура во сезоната