1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Леб, масло и брашно ќе се продаваат по набавна цена 

ДТЗ
10 март 2022

За дел од основните прехранбени производи се намалува профитната маржа во трговијата на големо од 5 на 4 проценти и во трговијата на мало од 10 на 3 проценти.

https://p.dw.com/p/48J4q
Bekanntgabe der Inlfationsrate für Juli
Фотографија: Oliver Berg/dpa/picture alliance

Лебот, зејтинот и брашното ќе се продаваат по набавна цена, а за шеќерот, млекото, месото и сувомеснатите производи ќе се намали профитната маржа на трговците. Намалувањето на маржите е направено во договор со најголемите ланци на супермаркети и најголемите трговци на овие основни прехранбени производи, вели министерот за економија, Крешник Бектеши. 

Намалувањето на маржата конкретно се однесува на белиот шеќер, трајното млеко, свежото месо, сувемеснатите производи, како што се салами, виршли и колбаси, сирењето, урдата, оризот, јајцата и паштетите и макароните. Како дел од владините мерките за  ублажување на економската криза којшто удри по џебот на граѓаните, во план е намалување на профитната маржа во трговијата на големо од 5 на 4 проценти и во трговијата на мало од 10 на 3 проценти. Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки веќе е објавена во Службен весник и ќе важи до 31 мај. 

Од одлуката се изземени пченицата, овошјето, зеленчукот и солта. Пченицата е изземена заради тоа што таа ќе се увезува од Србија, со што ќе има континуирано снабдување и испорака на пченица во договорените количества што ги имаат трговците, а овошјето и зеленчукот не се опфатени затоа што се очекува со новата пратка од Турција да поевтинат овие прехранбени продукти. 

-повеќе на темата:Нафтоманија и профитерство - граѓаните ризикуваат складирајќи гориво за „црни денови“

Од синоќа целосно е забранет извозот на маслото за јадење, врз основа на проценките дека во периодот од 1 до 8 март од државата се извезени 330 тони. Постои можност ваква забрана да има и за брашното, пченицата и пченката бидејќи има побарувачка за извоз од соседните и европските држави. 

Владата вчера презентираше 26 мерки за ублажување на последиците од најголемата економска криза досега. За дел од нив, потребни се законски измени кои мора да се донесат во Собранието.