1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во февруари - отварање на дијалог за визно ослободување со Македонија

Силвера Падори29 јануари 2008

Франко Фратни, вицепретседател на Европската комисија и еврокомесар за правда, слободи и безбедност во интервју за македонската програма на Дојче Веле го најави стартот на преговорите за безвизнен режим со Македонија

https://p.dw.com/p/CzEs
Еврокомесарот Франко Фратини наредниот месец патува во МакедонијаФотографија: AP

ДВ: За Шенген-зоната и визите во петокот неформално разговаравте со министрите за внатрешни работи на ЕУ, кога се сретнавте и со министерката Јанкуловска. Каков е вашиот впечаток: кога ќе е возможно Македонците да патуваат во Европа без визи?

Фратини: Многу скоро планирам да отворам нова рунда дијалог за либерализација на визниот режим со Република Македонија. Ако се исполнат сите услови, на што силно се надевам, ќе го објавам отворањето на дијалогот за ослободување од визи. Сметам дека тоа би било возможно уште во февруари кога ќе ја посетам Македонија.

Што може, Македонија, од своја страна да направи за да го забрза процесот за целосно ослободувањето од визи?

Треба да продолжи со јакнење на безбедноста, посебно во доменот на потврдувањето на идентитетот на луѓето, воведување на биометриските пасоши, заштита на надворешните граници, сузбивање на организираните криминални банди. Ова се важни елементи кои треба да се земат предвид.

Дел од работите Македонија веќе заврши. Биометриските пасоши се во оптек, потпишана е и спогодбата со ЕУ за реадмисија. Кога, според Вас, за Македонија ќе станат реалност отворените граници на Европа?

Сега е тешко да се прогнозира. Прерано е, зашто се уште не го ни почнуваме дијалогот за целосна либерализација на визниот режим. Можам да разберам дека луѓето во Македонија се желни да бидат ослободени од визи. Мислам дека во иднина тоа ќе е возможно. Но, ќе зависи од подготвеноста за завршување на преземените обврски од страна на македонската влада. Убеден сум дека ќе наидам ваква подготвеност кога ќе ја посетам земјата.