1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Војна во Украина: Зошто мора да се вршат злосторства?

Марко Милер
15 април 2022

Силувања, сакатења, убиства на цивили - она што секојдневно се слуша за злосторствата во Украина е тешко подносливо. Зошто луѓето прават вакви злосторства? Обид за објаснување.

https://p.dw.com/p/49yx1
Ukraine Krieg mögliche Kriegsverbrechen in Butscha
Фотографија: Zohra Bensemra/REUTERS

Војната е сурова и валкана. Претставата дека модерното оружје може да се користи за да се води хируршки минимално инвазивна војна, во која не гине речиси ниту еден цивил и во која се уништуваат само воени цели, е погрешна. Барем ние не знаеме за ниту една таква војна. Но, дали секогаш мора да биде екстремно нечовечки, како сега во Украина? Дали војниците мора да пукаат на цивили, на жени и деца и да силуваат жени?

Грубиот, но точен одговор, за жал, гласи - да. „Никогаш не сум видел страна во војна, без разлика колку е водена и определена од највисоки морални вредности, која не извршила злосторства“, вели Томас Елберт. Тој знае што зборува. Томас Елберт е пензиониран професор по клиничка психологија и бихевиорална неврологија на Универзитетот Констанц. Тој и натаму истражува во сферата од негов интерес - трауматскиот стрес и неговите последици, особено последиците од организирано насилство. Има направено теренски истражувања во конфликтни региони како Авганистан, Сомалија и Уганда.

Ukraine Krieg mögliche Kriegsverbrechen in Butscha
Фотографија: Carol Guzy/ZUMA PRESS/dpa/picture alliance

Најдобар начин да се објасни зошто луѓето прават тешко сфатливи дела за време на војна, е тоа да се направи низ примери. Еве три, делумно вознемирувачки, примери:

Убивање: „Забавно е“

Една снимка од дрон стана позната ширум светот. На неа се гледаат руски тенкови во, од луѓе испразнет, дел одукраинскиот град Буча. Едно лице го турка својот велосипед на раскрсница, на голема оддалеченост од тенковите. Тие пукаат повеќепати - додека човекот не се струполува мртов на земја. Зошто? Истражувачот на траума, Томас Елберт, дава две објаснувања. Прво, војниците во тенковите можеби се чувствувале загрозени. Можеби тоа лице можело одеднаш да извади панцерфауст и да пука во тенк.

Второ - и овој одговор е веројатно тешко разбирлив за многумина: „Забавно е да се пука во друг“, вели Томас Елберт. Војниците, според нивната сопствена перцепција, не пукаат во други луѓе, туку во штетници, како што тоа во главата им го всадува пропагандната машинерија. Понекогаш за борците е забавно да нишанат и да погодат прецизно. Во еден тенк секогаш има по неколку војници. И тогаш се вели: „Видовте како го погодив? Одлично!“ Поверојатно е дека ќе се гаѓа кон мета, отколку кон човек. „Секој кој игра компјутерски игри кои се базираат на конкуренција, знае дека тоа е забавно“, вели Елберт. Според него, извршители на геноцидот во Руанда му рекле дека тоа ќе биде вистинска народна забава. А еден Американец раскажал дека тоа е како да сте зеле хероин и тогаш сте во некаква опиеност од крв.

Ukraine Krieg Zerstörung in Mariupol
Зошто мора да страдаат цивили?Фотографија: Alexander Nemenov/Getty Images/AFP

Силување: „Право на победникот“

Силувањата исто така не се изолирани случаи. Во еден случај, мажот бил застрелан, а потоа жената силувана. Потоа таа го закопала својот сопруг во градината. Зошто луѓето го прават ова? Цивилите не нападнале никого и не биле закана.

Често се вели дека силувањето се користи како воено оружје. Но, тоа е причина само во можеби десет проценти од случаите, објаснува Томас Елберт. Ретко се случува генералите да дадат наредба за силување жени и на тој начин да го натераат противникот да се предаде. Елберт прашувал војници на различни континенти зошто силувале жени и девојки. Повеќето рекле дека командантите тоа го толерирале, но не дале наредба за такво нешто.

По битката, време е за - од нивна гледна точка - забава. „И силувањето е, така да се каже, право на победникот“, ги објаснува Елберт мотивите на војниците. Младите мажи велат: „Повеќе би сакале да имаме љубовна врска, но ја немаше. Затоа, зедовме што можевме“. Од гледна точка на Томас Елберт, силувањето во војна помалку има врска со наредбите или суровоста, а повеќе со инстинктивното празнење и страста.

Ukraine Krieg mögliche Kriegsverbrechen in Butscha
Член на меѓународен тим за форензика гледа во тела извадени од масовна гробница во БучаФотографија: Carol Guzy/ZUMA PRESS/dpa/picture alliance

Други научници на тоа гледаат поинаку: силувањата се сексуализирано насилство, а не вид на секс. Организацијата за права на жените и помош Медика Мондијале, на пример, од раните 1990-ти им дава поддршка на жените трауматизирани од војна. Причина за основање на организацијата од страна на гинекологот Моника Хаузер беа масовните силувања во војната во Босна во 1992. Во војна се интензивира и онака постоечката родово специфична дискриминација, стои на веб-страницата на организацијата: „Во војните, мажите засилено го демонстрираат своето уверување дека го поседуваат наводно послабиот пол“. А силувањето е „симбол на понижување на противникот кој не може да ги заштити 'своите' жени“.

- повеќе: Украина: Врши ли Русија воени злосторства со нападите врз болници?

Пример од војната во Украина: мајка и ќерка, како што се вели, биле силувани во исто време и морале да го гледаат насилството кое се нанесува на другиот. Тогаш почнува тортурата, објаснува Томас Елберт. „Го измачувате непријателот во најлоши форми и неверојатно е што сѐ на луѓето им паѓа на памет. Нема граници“. Тогаш има задоволство да се мачат другите. На овој начин, сторителите би можеле да ја изживеат својата омраза, својот гнев и својата лутина - на сметка на страдањето на жртвите.

Deutschland Thomas Elbert
Томас Елберт има направено теренски истражувања во конфликтни региони како Авганистан, Сомалија и УгандаФотографија: Inka Reiter/Universität Konstanz/dpa/picture alliance

Грабежи: „Желбата на ловецот за лов“

Се тврди дека руските војници наголемо краделе скапоцености во Украина - од една страна, краделе од приватни домови, а од друга страна - од продавници. Снимките од надзорните камери покажуваат како руски војници пакуваат такви предмети и ги испраќаат дома кај своите семејства. Во споредба со погоре наведените дела, ова е мало кривично дело, но исто така покажува дека моралот, правдата, законот и правилата веќе не важат.

Томас Елберт овде зборува за разбојничко насилство. Украдената машина за перење или Ајфон се гледа како мотивација и како награда. Ако за тоа вообичаено следува казна, сега тука нема санкција. И онака, како што се вели, идејата на Русите е да го зграпчат Донбас со неговите природни ресурси и тешка индустрија. Следствено - може да се земе и машина за перење. Друг поттик за грабежи, според Елберт, е желбата на ловецот за лов, значи не нужно желба за самиот плен, туку за ловот како таков.

Буча: Сè повеќе докази за злосторства врз цивилите

Спречување на злосторствата?

На крајот, останува прашањето дали не постои начин да се спречат злосторствата. „Тоа е страшно и не смее да се толерира. Но, тоа е војна. Подобро би било воопшто да не се води војна. Како да ја ограничиме војната? Преку информирање“, резимира психологот Томас Елберт. Тука се важни новинарите. Потребно е информирање и објаснување. Останува само проблемот како да се допре до целната група.