1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гаук не сака втор мандат

ЖА/дпа/афп6 јуни 2016

Јоахим Гаук по завршувањето на мандатот ќе се прости од функцијата германски претседател. Тој е во добра здравствена состојба, но не знае дали оваа „енергија и виталност“ е доволна за уште еден мандат.

https://p.dw.com/p/1J1BT
Фотографија: Reuters/H. Hanschke

Германскиот претседател Јоахим Гаук нема да се кандидира по втор пат за функцијата. 76-годишниот политичар денеска во дворецот Белви во Берлин соопшти дека дека нема да стои на располагање при изборот на шеф на државата од страна на Сојузното собрание за избор на претседател. Така, во февруари следната година ќе се избира нов претседател.

„Донесувањето на одлуката не ми беше лесно“, изјави Гаук, кој воздржувањето од втор мандат го аргументира со својата возраст. Тој истакна - за него е голема чест да биде во служба на земјата и со задоволство ќе ги помине во тој дух следните месеци.

Поранешниот евангелистички свештеник Гаук, кој потекнува од Росток, во 2012 година стапи на функцијата на местото на претходникот Кристијан Вулф, кој поднесе оставка. Сојузното собрание избира шеф на државата на период од пет години. Дозволeн е само еден реизбор.