1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија - економска локомотива во ЕУ

Агенции(З.Ј.)4 декември 2008

Германскиот Бундестаг го одбри конјуктурниот пакет на владата. Канцеларката Меркел изјави дека земјата добро и се спротивставува на економската криза. Опозицијата критикува.

https://p.dw.com/p/G9JC
Германската канцеларка Ангела МеркелФотографија: AP

Германскиот Бундестаг го одобри пакетот мерки на германската влада за поттикнување на стопанството во земјата во износ до 12 милијарди евра. Канцеларката Ангела Меркел на седницата изјави дека Германија добро се справува со економската и финансиската криза, и презема водечка улога во Европа. Со владиниот пакет треба да се отворат еден милион работни места и насочено да се поттикнат инвестиции од претпријатијата, приватните домаќинства и општините.

Претходно во говорот пред германските пратеници, канцеларката Ангела Меркел изјави дека земјата е подготвена да ја задржи улогата на економска локомотива во ЕУ, но само ако претпријатијата не го преместуваат проиводството во странство.

Abstimmung über den Bundeshaushalt 2009 Angela Merkel mit Stimmkarte
Дел од парламентарците и канцеларката подготвени за гласањеФотографија: AP

Германија опстојува на поставените цели за заштита на климата

Меркел очекува тешки преговори во рамките на ЕУ пред усвојувањето на конјунктурната програма на Унијата и на целите во заштитата на климата. На самитот на Унијата, Германија сака да постигне подалекусежни отстапки во заштитата на климата во делот што се однесува на автомобилите и енергетски интензивните индустрии. Постигнатите компромиси ја имаат германската подршка. „Работиме за работните места и за разумни автомобили“, рече Ангела Меркел. Владата опстојува врз климатските цели што си ги постави: 20 проценти помалку емисии на јаглерод-диоксид, 20 проценти поголема енергетска ефикасност и 20 проценти удел на енергија од обновливи извори.

Канцеларката не гледа потреба од натамошни германски чекори во конјунктурниот пакет на ЕУ, кој е со вредност од 200 милијарди евра.

Критики од опозицијата

Меркел ги отфрли критиките од другите земји дека Германија не прави доволно за подршка на конјунктурата, велејќи: „Ние нема да учествуваме во трка за субвенции или милијарди“.

Курсот на владата наиде на критики од опозицијата. „Во Европа вие сте возач кој вози на автопат во обратна насока“, рече шефот на либералите Гидо Вестервеле, алудирајќи на одбивањето на Меркел да им излезе во пресрет на барањата за намалување на данокот на додадена вредност. Зелените, пак, го критикуваа компромисот што се навестува кај мерките за заштита на климата. Партијата на левицата го отфрли „неолибералниот курс“ на ЕУ севкупно.