1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За работа во Германија и натаму ќе биде неопходна виза

2 ноември 2018

Германската амбасада во Скопје денеска со соопштение реагираше на бројните дезинформации во јавноста и појавата на лажни посредници за вадење на работни визи. Повод се шпекулациите за укинување на визите за работа.

https://p.dw.com/p/37ZTv
Serbien Deutsches Arbeitsvisum
Фотографија: DW/S. Kljajic

На македонските граѓани и од почетокот на следната година, како и досега, ќе им биде потребна виза за да можат да работат во Германија, соопшти германската амбасада во Скопје. Повод за соопштението се бројните дезинформации во јавноста дека од 1 јануари следната година на граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ, наводно, повеќе нема да им биде потребна работна виза за работа во земјите на ЕУ. 

Овие информации не се точни.

„На граѓаните на земјите што не се членки на ЕУ потребна им е како досега, така и по 1.1.2019 г., валидна работна виза во Германија. Барањето за виза може да се поднесе само во германската Амбасада во Скопје и само таму се издава визата“, соопштуваат од амбасадата. 

Повеќе на темата: 

- Како легално до работа во Германија

- Енормно зголемен број на барања за работни визи 

Оттаму уште укажуваат и дека амбасадата не соработува со посредници или агенции во процесот на издавање на визите. Повод е појавата на такви агенции и луѓе кои се претставуваат како посредници во процедурата, и ветуваат забрзување на постапката.

#DE_facto: Како до работа во Германија?

„Преку нив не може да се добие ниту термин порано ниту пак да се забрза визната постапка. Таксата за виза изнесува по правило 75 евра и се наплаќа во готово директно на шалтерот за виза кога се поднесува барање за виза. Други такси нема во Визното одделение. Добивањето на обрасците и на упатствата, како и закажувањето на терминот се бесплатни.

Ве молиме да се информирате на веб-страната на германската Амбасада за предусловите и за времето на чекање за добивање на работна виза“, велат од амбасадата.