1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гласот на Прашката пролет

22 август 2008

Песната „Молитва за Марта“ во 1968 година стана симбол на отпорот. Гласот на пеачката Марта Кубишева стана глас на Прашката пролет и на протестите во цела Чехословачка, во која влегоа трупите на Варшавскиот пакт.

https://p.dw.com/p/F2y7
Марта Кубишева со својата песна стана симбол на отпоротФотографија: picture-alliance / dpa

Веќе првите зборови во оваа песна беа провокативни: Нека мирот остане во оваа земја, нека исчезнат бесот, зависта, омразата, стравот и незадоволството, конечно нека се загубат.

„Молитва за Марта“ всушност требаше да биде сосема аполитична песна, раскажува денеска тогаш 25 годишната пеачка Марта Кубишова.

"Песната беше компонирана за ТВ серијата Гроф Монте Кристо, која требаше да се снима во септември 1968 година. Јас требаше да бидам некоја кнегиња, на крајот на серијата требаше сите да се степаат и да дојдам јас и да ги смирам, пеејќи мирот нека остане во оваа земја. “

Совпаѓање на текстот со настаните во Чехословачка

Марта Кубишова вели дека песната е снимена на 24 или 25 август и дека веднаш им се допаднала на луѓето.

„Следниот ден веќе ме прашаа дали можат да ја чујат уште еднаш таа песна. Текстот едноставно одговараше на тогашните настани.“

А тие биле влегувањето на трупите на Варшавскиот пакт, поранешниот воен сојуз на земјите од источниот блок, три дена претходно. Чехословачка била окупирана. Шок, бес, очај. Да се почнува отпор со насилство против некој кој е толку надмоќен немало никаква смисла, но емоциите морале некаде да излезат. Новинарката Људмила Ракушанова се сеќава:

„Песната ан Марта Кубишова многу не потресе. Многумина плачеа кога ја слушаа. Се надевавме дека молитвата ќе ни се исполни.“

Симбол на едно време

А Марта и денес е симбол на тоа време за кое платила скапа цена. Нејзината песна станала протест на една цела генерација. Од 1970 година не смеела да настапува. Нејзината песна „Молитва за Марта“ била забранета. Марта Кубишова била дисидентка, подоцна станала гласноговорник на граѓанското движење. А во 1989 година повторно ја испеа својата песна и тоа јавно, на една од масовните демонстрации на која беше славен падот на режимот. Задоцнето признание за жената со малку зарипнат глас.