1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Глобалниот тероризам во подем

Ане Алмелиг/сн8 јануари 2016

Бројот на терористички напади во светот расте. Но не се подеднакво погодени сите региони. Повеќето напади се случуваат во пет земји. Посебно активни се терористите од „Исламска држава“.

https://p.dw.com/p/1HX9X
Фотографија: picture-alliance/Zuma Press

„Најмалку 11 мртви на северот на Нигерија“. „Повеќе десетици мртви во нападите во Камерун“ или „Две експлозии во нигериската економска метропола Кано“. Наслови како овие ја „красат“ речиси секојдневно понудата на светските новински агенции. Но тие во случајот на поголеми терористички напади како оној на 13. ноември во Париз, како да паѓаат во втор план. Но овие наслови сепак докажуваат едно: квантитетот на терористички напади достигна огромни димензии.

Dschihad-Kämpfer im Irak
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Рапиден пораст на бројот на жртви

„Ние денес имаме огромни резмери во кои делува меѓународниот тероризам: од јужна Азија, преку Блискиот Исток, преку Северна Африка па се’ до Франција и Белгија“, вели стручњакот за тероризам Ролф Топофен од Институтот за превенција на кризи во Есен. Бројот на жртви од терористички напади рапидно се зголеми. Според податоците на Институтот за економија и мир во Сиднеј, во 2014. година 32.650 лица ширум светот го загубија животот во терористички напди што е дури 80 отсто повеќе отколку предходната година. Притоа најголем број жртви се евидентирани во пет држави: Авганистан, Ирак, Нигерија, Сирија и Пакистан.

Речиси половина од сите жртви оди на сметка на две најактивни терористички групи: „Исламска држава“ и „Боко Харам“. Втората група, чие име во слободен превод значи „Западното образование е грев“, нападите најчесто ги врши во Нигерија но и во соседните држави Камерун и Чад. „Исламска држава“ освен во главните подрачја на свое дејствување во Ирак и во Сирија во меѓувреме има и многу подгрупи кои делуваат во остатокот на арапскиот свет посебно во Египет и на Синаијскиот полуостров. Во меѓувреме двете терористички групи делуваат заедно. Тука се уште и припадниците на т.н. „Ал Шабаб милиција“, чија цел е воспоставување на една сунитско-шеријатска држава на Рогот на Африка.

Поопасни од Ал Каеда

Многумина „Исламска држава“ ја споредуваат со Ал Каеда. Но ИД е по многу работи поопасна бидејќи не се плаши ни од масовна борба против муслиманите со поинаква религиозна ориентација од сунитската. Освен одделни целни напади ИД воведе и систематско тероризирање на населението на териториите кои ги освои вклучувајќи и поробување и масовни силувања. На тоа треба да се додаде и добро организираниот пропаганден систем кој привлекува многу фанатици од цел свет. Само годинава ИД презеде одговорност за напади во Тунис, Турција, Либан и Париз.

Nigeria Unruhen Islamisten Maiduguri
Фотографија: Getty Images/AFP/Stringer

Пропаднати држави како плодна почва

Една од главните причини за успешно ширење на концептот на „Исламска држава“ стручњаците како Ралф Топофен гледаат во се’ поголемиот број т.н. проблематични земји. „Такви држави има се’ повеќе: источно африкански како Сомалија, потоа Нигерија и на северот во Африка во Либија каде по пропаѓањето на движењето Арапска пролет се создаде хаос“, вели Топофен. Непостоењето на правна држава и распаѓањето на државниот апарат се плодна почва за ширење на пропаганда.

Волшебно стредство за борба против растечката опасност од тероризмот Топофен во моментов не гледа. Единствено кога станува збор за Сирија овој стручњак смета оти ИД може да се победи со воени сретства. И тоа со комбинација на воздушни и копнени напади. Едниствено со потиснување на „Исламска држава“ е можно да се создадат услови за политичка стабилизација, заклучува Топофен.