1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Го слушна ли Европа овој тресок?

18 јануари 2019

Во моментов Европската унија, за волја на вистината, има многу внатрешни проблеми. Но, во Босна и Херцеговина, се заканува нова криза, за која ЕУ веќе не смее да молчи, смета Кристијан Шварц-Шилинг.

https://p.dw.com/p/3BYhm
Repubika Srpska Parade in Banja Luka
Фотографија: Getty Images/AFP

Каде е Европа на почетокот на 2019 година? Очигледно, се собраа многу проблеми: како ќе изгледа Европската унија по европските избори во мај? Како Брегзит ќе ја промени Европа? Како натаму со финансиската криза во Италија? Дали францускиот претседател Макрон ќе се справи со неговите револуционери, „Жолтите елеци“? Ќе продолжи ли ширењето на национализмот и незадоволството од ЕУ? Колку силно ќе се ангажира Германија за ЕУ?

Значи многу проблеми веќе во самата ЕУ. Но, и во непосреднато соседство - во Југоисточна Европа - не изгледа поинаку. Повторно, никој не знае како ќе се развиваат работите оваа година.

Проблеми во цела Југоисточна Европа

Во Србија, доживуваме отворени демонстрации против претседателот Вучиќ. Иако тој седи цврсто во седлото и ја води Србија чекор по чекор кон Европа, сепак, сѐ уште постои големата пречка на признавањето  на Косово, кое досега беше исклучено од страна на српската политика.

Во Косово, премиерот Харадинај и претседателот Тачи не можат да се согласат дали сакаат да бараат размена на територии со Србија или не. Малкумина можат да согледаат дека таков чекор, кој подразбира корекција на граници, би можел да го турне во криза целиот регион.Но, затоа постои слога околу тоа дали на Косово му е потребна сопствена армија.

Македонија се надева на крај на спорот со Грција околу името, што е најголема пречка на патот кон ЕУ и НАТО. Атина досега спречуваше секаков компромис.

Christian Schwarz-Schilling Kommentarbild App
Кристијан Шварц-ШилингФотографија: Oliver Rüther

Од Хрватска, која повеќе од пет години е членка на ЕУ, толку многу работоспособни луѓе се селат во Германија, што претседателката Грабар-Китаровиќ ваквата состојба ја нарече „најголема закана" за Хрватска. Но, наместо да се справи со ова суштинско прашање, хрватската политика сѐ повеќе се меша во внатрешните работи на соседна Босна и Херцеговина. Веќе се зборува за „дипломатска офанзива“ која потсетува на политиката на Туѓман во 1990-тите.

Проблематичната Босна и Херцеговина

Така дојдовме до најпроблематичната држава на Југоисточна Европа: Босна и Херцеговина. Изборите што се одржаа во октомври минатата година на прв поглед не променија многу. Но, ако се погледне од поблиску, сепак можат да се најдат некои светли точки: во тричленото претседателство веќе нема место за хрватскиот националист Човиќ и на негово место дојде демократот Комшиќ, кој се опишува себеси како претседател на сите граѓани на Босна и Херцеговина. Така, опасната соработка помеѓу националистиите Додик и Човиќ во рамките на претседателството засега е спречена. Изборниот резултат во главниот град Сараево покажува дека демократските сили полека надоаѓаат. Ова е трошка надеж за иднината.

Но, новата година во Босна и Херцеговина (БиХ) започна со неверојатен тресок: со години,  Република Српска - српскиот ентитет во БиХ - на 9 јануари го прославува „Денот на Републиката", иако Уставниот суд на БиХ и Венецијанската комисија го прогласи овој  празник за неуставен. На овој ден во 1992 година босанските Срби прогласија независнот на „Република Српска“ од тогашната Република Босна и Херцеговина. Во суштина никој нема ништо против прослава на верски православен празник на овој датум. Но, да се прогласи овој ден за државен празник, за Бошњаците и за босанските Хрвати беше премногу. Тие го поврзуваат овој датум со војна, геноцид и протерување.

Bosnien und Herzegowina | Republika Srpska Day
Фотографија: picture-alliance/AA/M. Jakovljevic

Противуставно славје

Значи, иако секоја политичка церемонија на овој ден е неуставна, никој не се мачи да преземе нешто против тоа - ни на национално, ниту на меѓународно ниво. Толку за владеењето на правото во оваа земја!

Дека политичари од Србија се присутни во Бања Лука на овој ден, воопшто не е чудно. Но, кога премиерката на Србија, Брнабиќ, која официјално го негира геноцидот во Сребреница, на церемонијата го прима истото признание, како воените злосторници Караџиќ, Плавшиќ и Крајишник, тоа го повредува секое сваќање на правдата.

Па сепак, годинава згора на тоа има уште еден страшен тресок: на прославата имено, присуствуваа и високорангирани политичари од редовите на босанските Хрвати. На пример, претседателот на ХДЗ БИХ,  Драган Човиќ, како и Вјекослав Беванда, министерот за финансии на БиХ.

Амбасадорот на Хрватска во БиХ, Дел Векио, исто така беше во Бања Лука. Со оглед на скандалот кој избувна во БиХ и Хрватска поради неговото присуство на оваа прослава, хрватската министерка за надворешни работи Пејчиновиќ Буриќ беше принудена да даде изјава дека Дел Векио не бил таму во официјално својство. Амбасадорот веднаш беше повикан на „консултации“ во Загреб.

Како може да се објасни тоа дека Човиќ, Беванда и амбасадорот Дел Векио седат таму послушно и гледаат како Милорад Додик на 15 години затвор осудениот српски воен злосторник Лисац постхумно му доделува одлукување за тоа што во Шибеник гранатирал и убивал хрватски жители на градот?

Како може да се објасни дека Човиќ, Беванда и Дел Векио учествуваат во прославата на Денот на Република, која за време на последната војна протера повеќе од 150.000 Хрвати од Бања Лука и од регионот Посавина?

Како е можно сите да присуствуваа на неуставна прослава?

Botschafter Kroatioens in Bosnien Herzegowina Ivan del Vechio bei den Feierlichkeiten zum Tag der RS in Banjaluka
Фотографија: Klix.ba

Егоисти, а не претставници на народот

Мошне едноставно: ним не им е грижа за босанскиот или за хрватскиот народ, тие мислат само на себеси! Тие беа таму за да го поддржат Милорад Додик во неговата цел да ја отцепи Република Српска од Босна и Херцеговина. Ова за Хрватот Човиќ ја отвора вратата за трет ентитет и како резултат на тоа - конечна поделба на Босна и Херцеговина.

Така на почетокот на 2019 година стигнавме онаму каде што бевме уште во раните 1990-ти. Дали Европа го слушна оваа тресок?

Европската унија сега мора конечно да стори сѐ што е неопходно за да изгради силна правна држава во Босна и Херцеговина. Европа конечно мора јасно да каже дека Босна и Херцеговина е самостојна, суверена држава! И дека обидите да се подели оваа држава одвнатре и однадвор - се осудени на неуспех!

 

Проф. Д-р. Кристијан Шварц-Шилинг беше сојузен германски министер за пошта и телекомуникации од 1982 до 1992 година. Во знак на протест против ставот на германскат влада во однос на босанската војна, тој поднесе оставка на функцијата. Во 2006/07 година тој беше Висок претставник и специјален пратеник на Европската унија за Босна и Херцеговина.