1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голем број поплаки до Народниот правобранител

5 јуни 2011

Во канцелариите на Народниот правобранител во текот на денешниот ден, додека траеше гласањето за парламентарните избори, биле примени 90 поплаки од граѓани.

https://p.dw.com/p/11UpC
Фотографија: Petr Stojanovski

Последната поплака била за проблеми на гласачко место во Радовиш каде полицијата не дозволила гласање и истото било кратко прекинато. По интервенција на Народниот правобранител проблемот бил решен и гласањето продолжило. Од канцеларијата на Народниот правобранител , портпаролот Уранија Пировска потврди дека повеќето јавувања биле околу проблеми со пронаоѓање на гласачките места поради измени во гласачките списоци. Најмногу од жалбите се однесуваат на избирачките места на граѓаните. Поради измени во избирачките списоци, а граѓаните за тоа дознале денес, не можеле да си го пронајдат своето избирачко место. Воедно беше забележано дека на одредени избирачки места е регистрирано самоволие од претседател на избирачка единица, кој што спречил граѓанин да гласа. Во Битола била регистрирана поплака на граѓанин кој тврди дека како вработен во државна администрација бил уценуван со работното место да не излегува на избори.

Автор: ЕМФ/макфакс

Редактор: Александра Трајковска