1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Голем пожар во хотел во Кина

ЕМФ /агенции
25 август 2018

Во пожар во хотел во главниот град на севернокинеската провинција Хеилонгџијанг, Харбин, загинаа најмалку 18 луѓе.

https://p.dw.com/p/33jsU
Hotelbrand in China Harbin
Фотографија: picture-alliance/Xinhua News Agency

Кинеската државна агенција Синхуа, повикувајќи се на информации на локални спасувачки екипи, јави дека пожарот избил во текот на ноќта меѓу петок и сабота. 

Сѐ уште не е познато кои се причините за пожарот. Во објектите во Кина често не се почитуваат прописите за заштита од пожар. Освен тоа, се случува да се затворени вратите за бегство во случај на пожар или да се блокирани патиштата за бегство. Поради тоа, во пожарите често има многу жртви.

Голем пожар во хотел во Кина

Во април годинава во пожар во еден караоке-бар на југот од Кина загинаа 18 луѓе. Во пожар во 2015 година, кој изби во приватен дом за нега во провинцијата Хенан, животот го загубија 38 пациенти.