1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кратење на буџетот за одбрана

27 јануари 2012

САД имаат намера значително да го намалат буџетот за одбрана. Министерот за одбрана Леон Панета во Вашингтон најави дека буџетот за наредната буџетска година, која почнува во септември, ќе биде намален за 9 проценти.

https://p.dw.com/p/13rSI
Министерот за одбрана на САД Леон Панета го најави кратењето од девет проценти на буџетот во одбранатаФотографија: Reuters

Во наредните 10 години буџетот за одбрана на САД треба да биде скратен за 500 милијарди долари. Нејасно останува што ќе се случи со американското воено присуство во Германија. Според Панета, треба да бидат повлечени две од четирите бригади во Европа. Тој не наведе кои точно бази ќе бидат погодени. Со кратењето сигурно ќе биде погодена Германија, затоа што на нејзина почва се три од четирите европски бригади.

Министерот за одбрана на САД Леон Панета ја потврди новата воена стратегија која американскиот претседател Барак Обама ја обелодени пред неколку недели. Според стратегијата, американските вони сили треба да бидат помали, но пофлексибилни. Фокусот во иднина ќе биде насочен на Азија и Блискиот Исток. Опозиционите републиканци го критикуваа новиот курс.

Автор: ЕМФ/дв/дпа

Редактор: А. Трајковска