1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали големиот германски извоз станува проблем?

Нилс Цимерман/Б.Г.10 април 2015

И ланската година Германија повторно имаше голем трговски суфицит. Силниот извоз е добар, но исто така може да предизвика и проблеми. Нилс Цимерман ја анализира оваа тема

https://p.dw.com/p/1F5MS
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Nietfeld

Германскиот трговски суфицит- вредноста на извозот во однос на увозот, урна нов рекорд во 2014 година. Со околу 217 милијарди евра, беше најголем во историјата. Меѓу економистите и политичарите веќе долго се води дебата околу тоа дали германскиот извозен суфицит е добра или лоша работа. Дебатата тешко дека некогаш ќе доведе до заеднички заклучок, бидејќи трговскиот суфицит има и добри и лоши аспекти. Најпрво за бројките, а потоа и за анализите.

Бројки

Според извештајот од 23 март годинава на Дестатис, германската статистичка агенција, Германија извезла 39 проценти од сите добра и услуги кои ги произвела во 2014 година. Извозот достигнал 1,133 милијарди евра; а Брутодомашниот производ достигна 2,903 милијарди евра. Вкупниот увоз, од друга страна, бил само 916 милијарди евра. Изразено во проценти од БДП, суфицитот на Германија во 2014 година изнесувал 7,5 проценти. За споредба, кинескиот извозен суфицит во 2014 година изнесувал околу 347 милијарди евра или 3,7 проценти од БДП на Кина. Како дел од БДП, германскиот суфицит е двапати поголем од оној на Кина.

Bremerhaven Autoverladung 22.01.2014
Германската автомобилска индустрија е водечка извозна гранкаФотографија: Getty Images

Примерот на Германија и Шпанија

Во 2014 година, германските компании им продале добра и услуги во вредност од 34,9 милијарди евра на муштерии во Шпанија, а шпанските компании им продале само околу 25 милијарди евра вредни добра и услуги на германските потрошувачи. Шпанија веќе долги години е во трговски дефицит со Германија, па Германците акумулирале силна финансиска позиција во однос на Шпанија.
Од гледна точка на приватните германски бизниси и домаќинства кои се дел од трговијата со Шпанија, трговскиот суфицит првично добива форма на зголемување на финансиската заштеда. Постојат три нешта кои Германците кои ги имаат овие заштеди можат да прават со нив: да ги потрошат на потрошувачка, на домашни бизнис инвестиции или на странски инвестиции- на пример, со купување на акции во фирми или земјиште во Шпанија.
Германија е земја на штедачи и многумина секој месец ставаат по некое евро настрана. Дел од овие заштеди се инвестираат дома, а некои во странски капитал. Во ситуација кога Германците префрлаат дел од своите заштеди во странски држави со кои Германија има трговски суфицит, тоа им овозможува на тие земји да го балансираат нето долгот кон Германија. На овој начин, на пример, нето долгот кој Шпанија го има кон Германија поради трговскиот дефицит делумно се компензира преку Германците кои купуваат имоти и земјиште во Шпанија- како што прават бројни Германци. Но во финансиска смисла, странските инвестиции не излегоа според планот за германските инвеститори.
„Германците инвестираа многу од својата екстра-заработувачка во купување на имоти во странство“, вели Хајке Јобгес, економист во Берлинската Школа за економија и право. „Во целина, овие инвестиции донесоа загуби“. Поради курсните разлики како и поради загубите на пазарот на недвижности, каква што беше хипотекарната криза во САД во 2008 година, вредноста на портфолиото на германските имоти е само две-третини од она што купувачите всушност го платиле.

Што доколку Германците инвестираат повеќе дома?

Според Јобгес, германските инвеститори би минале подобро доколку ги инвестирале парите дома. Тоа ќе ги зголемело вработеноста, приходите и агрегатната побарувачка во Германија, вклучително и побарувачката за материјали од нејзините европските трговски партнери. Но, зголемувањето на нивото на домашните инвестиции понатамошно би ја зголемила и германската способност за ефикасно производство на огромни количини на добра и услуги. Оттука воопшто не е сигурно дека германското домашно инвестирање би го намалило трговскиот суфицит во однос на остатокот од светот- или дури и во однос на европските земји.

Immobilienverkauf in Spanien
Падот на пазарот на недвижности во Шпанија ги потресе и германските инвеститориФотографија: picture-alliance/Patrick Seeger

Предноста на валутата

Некои економисти посочуваат кон еврото како главна причина за германските трговски дефицити. Споделувајќи го еврото со поголема популација на помалку конкурентни економии, германските извозници имаат вграден бенефит: валута која е постојано послаба одошто би требало да биде. Тоа им носи вештачка предност на германските извозници. Тоа е точно, но притоа се игнорира фактот дека доколку Германија се уште имаше сопствена валута и своја централна банка, Централната банка секогаш ќе ја имаше можност да купува огромни количества странска валута, преплавувајќи го пазарот со Дојчмарката се додека курсната разлика не дојдеше до тоа ниво да овозможи добри предуслови за германските извозници.
Се додека германскиот трговски суфицит е „проблем“, не е јасно какво решение би можело да се најде. Конечно, германскиот трговски суфицит ќе продолжи, најмалку додека конкуренцијата во другите земји не најде начин да ги победи германските компании во производството на врвни автомобили, машини и индустриски добра.