1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Десет екстремни климатски феномени

Офелија Арути Хармс / Симе Недевски16 јули 2014

Поројни дождови, големи суши - екстремните климатски услови стануваат сѐ почеста појава. Но, каде на светот сонцето најсилно свети, а каде паѓа најмногу дожд? Ова е мала листа на екстремни метеролошки феномени.

https://p.dw.com/p/1Cdpr
Фотографија: Reuters

1. Најтопол ден во историјата: 10. јули 1913. во Долината на смртта (Death Valley). Кај Фурнас Крик во американската сојузна држава Калифорнија термометарот покажал дури 56,7 Целзиусови степени.

2. Наспроти тоа, селото Оимјакон во сибирската република Јакутија во Русија важи како најстудено населено место во светот. Во 1926. година измерни се рекордни минус 71,2°C! Во истражувачката база Восток на Антарктикот во 1983. година живата во термометарот падна на минус 89,2°C.

3. Градот Јума во Аризона е најсончевото место на земјата. Таму сонцето свети речиси цела година: вкупно 313 дена. Најмалку сонце има на половите. Таму поларната ноќ трае речиси половина година.

4. Смртоносен град: Во 1986. година досега најсилнот град го погоди Гопалгањ во Бангладеш и однесе 92 човечки животи. Наводно паѓале зрна тешки повеќе од еден килограм. Од 2010. година во САД се чува досега најголемото зрно град - тоа има дијаметар од речиси половина метар!

5. Черапуњи во Индија го држи светскиот рекорд во најголемо количество дожд кој паѓал 48 часа. Од 15. до 16. јуни 1995. година паднале дури 2,493 милиметри дожд. Најмногу дождливи денови има еден угаснат вулкан на хавајскиот остров Кауаи - 350 од вкупно 365 денови во годината.

6. Од друга страна, пак, луѓето во Арици, во Чиле, од 1903. до 1918. страдале од најсушен период во историјата - 173 месеци не паднала капка дожд.

7. Најсмртосниот ураган го погоди Мјанмар во мај 2008. година. Наргис усмрти 138.000 луѓе. Ураганот Хаијан кој ги погоди Филипините во ноември 2013. немаше толку катастрофални последици, но со 310 километри на час беше уште посилен.

Schnee im Sinai
Фотографија: picture-alliance / World Pictures/Photoshot

8. Снег во Каиро? Навистина во декември 2013. во главниот град на Египет падна снег за прв пат во последните 112 години. Истата година главниот град на Русија, Москва, го прекри досега најдебелата снежна покривка од 65 сантиметри.

9. Најмногу молњи има над езерото Маракаибо во Венецуела. На местото каде реката Кататумбо се влева во езерото има 18 до 60 молњи во минута и до 3.600 во еден час.

10. И Германија држи еден метеролошки рекорд: 330 дена магла. Тоа е забележано во 1958. на врвот на планината Брокен во Харц. Најмногу магловити часа по ред досега во Германија, меѓутоа, се забележани во Тириншката шума - 242 часа, значи повеќе од 10 дена, и тоа во 1996. година.