1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дочек на Новата година во светот

1 јануари 2018

Насекаде низ светот, од Австралија до Германија, од Кина до Франција, со одбројување, забави и спектакуларни огномети беше одбележан преминот во Новата 2018. година. Погледајте како изгледаше тоа во неколку земји.

https://p.dw.com/p/2qBO5
Silvester & Neujahr 2018 |  Deutschland, Köln
Фотографија: DW/M. M. Rahman

Од Австралија до Германија, од Кина до Франција, насекаде со одбројување, забави и спектакуларни огномети беше одбележан преминот во Новата 2018. година.

Десетици илјади жители и гости во германскиот главен град Берлин присуствуваа на огнометот и забавата пред Бранденбуршката порта. Забави во новогодишната ноќ имаше и низ другите германски градови, а прославата, според полицијата, поминала главно мирно и во опуштена атмосфера, на многу места со засилено обезбедување. Сцени, како во Келн пред две години, кога имаше масивни сексуални напади на жени во новогодишната ноќ, не биле забележани. И во повеќе други земји во светот новогодишните прослави беа проследени со зајакнати мерки на безбедност, што сепак не го наруши расположението. Погледајте како изгледаше тоа во неколку земји.

Дочек на Новата година во светот