1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европратениците за долгорочни мерки против кризата

7 јули 2011

Европскиот парламент се заложи за пренесување на политиките во областите како транспортот и енергијата од национално на ниво на ЕУ, за да се подобри продуктивноста на инвестициите и постигнат поголеми заштеди.

https://p.dw.com/p/11qwn
Седиштето на ЕП во СтразбурФотографија: DW

Промените во политиката по 2020 година треба да бидат придружени со зголемување на буџетот како што е предложено од 5 до 10% од БДП на ЕУ, односно финансирање од нејзини сопствени извори со истовремено намалување на даночните давачки за Европејците на национално ниво.

Европскиот парламент предлага исто така засилување и координација на националните даночни политики, како размислување за идниот систем на еврообврзници за намлување на суверениот долг.

Со ова се мисли дека компетитивноста на ЕУ ќе добие импулси кои и се ургентно потребна, се вели во денес усвоениот извештај на Специјалната комисија на Европскиот парламент која изнесе серија на предлози и инцијативи за надминување на финансиската, економската и социјалната криза.

Меѓу серијата предлози од специјалната комисија, поддржани од Европскиот парламент на пример е борбата против невработеноста, гарантирање на социјалната кохезија, со инвестиции во образованието и одржливиот развој.

Jose Manuel Durau Barroso spricht vor dem Europäischen Parlament
Сесија на ЕПФотографија: picture alliance/dpa

Проверка на природата на долговите

Известувачот француската европратеничка Первенш Берес, посебно е задоволна што во извештајот меѓу предлозите остана и барањето за ревизија, односно проверка на природата на јавниот долг во ЕУ, односно утврдувањето од каде таа потекнува, за штое беше наменета и кој сега ја поседува.

Претседателот на комисијата германскиот либерал Волф Клинц по две годишната работа на специјалната комисија не го криеше задоволството што европратениците вчера го изгласаа извештајот со огромно мнозинство.

„Ние се обидовме да испратиме сигнал, дека кога се зборува за кризата, нејзините причини и решенијата за ние, ние сме способни да се обединеме и да испрартиме силен сигнал до граѓаните и до другите институции и одлучувачи“ , рече тој.

Wolf Klinz FDP Europa-Abgeordneter EU-Parlament
Германскиот европратеник Волф КлинцФотографија: picture-alliance/dpa

Европа треба да делува побргу

Француската европратеничка Первенш Берес во изјава за Радио Дојче Веле, рече дека од финансиската криза од 2007 година до денес е направено многу малку и е направен чекор за супервизија, кои за жал се уште се недоволни.

„Во случајот со Грција направивме се предоцна, прво рековме дека не треба да и се помага потоа и помагавме, потоа дека нема потреба од постојан механизам, кој потоа го создадовме, денес велиме дека не треба да се обедини долгот, на крајот и тоа ќе го направиме. Потребно е да се делува побрзо за да се добие простор за маневри.“ , вели таа.

Нејзиниот колега од гермаскиот европратеник Волф Клинц додава: „Тоа што требаше да се промени, се уште не е променето – тоа е менталитетот во финанскиот сектор. Се уште се размислува краткорочно со интерес да се максимизира профитот секое тромесечие.“

Потребно е повеќе од реформи

Според германскиот либерал ова е неприфатливо од гледна точка на обичните граѓани и тоа не е оправдано, „ Потребно е тоа да прекине и сите знаеме дека е крајно тешко да се промени културата на луѓето и ние на тоа ќе работиме.“

На ова Первенш Берес се надоврза „ На состанокот на нашата група (европските социјалисти) Жак Делор кој не е револуционер, кој е реформист и социјал-демократ ни рече : ’се’ досега веруваше дека ќе се реформира, но тоа повеќе не е доволно, треба да се промени парадигмата’.“

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Симе Недевски