1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Европска комисија: Kорона-вакцина нема да има уште со месеци

ЖА / агенции
21 октомври 2020

Според проценките на Европската комисија, во корона-кризата не е на повидок брзо решение по пат на вакцина

https://p.dw.com/p/3kEQV
Symbolbild EU Corona
Фотографија: Yves Herman/Reuters

Ќе потрае уште со месеци додека да биде пронајдена вакцина и додека таа биде лиферувана. Денес уште никој не знае со сигурност кога ќе дојде крај на пандемијата ," изјави вице-претседателот на Комисијата, Марош Шефчовиќ денеска во Европскиот парламент.

Тој апелираше до сите граѓани во Европската унија со своето однесување да придонесат за сузбивање на пандемијата на коронавирус. „Никој во Европа не посакува втор локдаун, затоа ги повикувам сите европски граѓани на целосно одговорно однесување", истакна Шефчовиќ.

Повеќе:

Студија: Мнозинство од населението би примило корона-вакцина

Белгија се наоѓа пред „корона-цунами“

Драматичен апел на Меркел: „Ве молам, останете дома“

Зошто Шпанија е „плодно тло“ за коронавирусот

ЕК меѓу другото се обидува, во името на сите членки на Унијата, да склучи преддоговори за потенцијалните идни вакцини. Покрај веќе објавените склучени договори, во завршна фаза се уште три натамошни, изјави Шефчовиќ.

Претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел, со оглед на очигледниот растечки втор бран на коронавирус, најави неопходност од посегнување по подрастични мерки. Тој исто така апелираше за меѓусебна соработка меѓу членките на ЕУ, првенствено во областа на проследувањето на контактите на инфицираните лица, тестирањето и регулативата за карантин.

„Ситуацијата налага да останеме мобилни", подвлече Мишел во Европскиот парламент.

Во повеќе држави од ЕУ е забележан рекорден раст на бројот на дневно новоинфицирани, посебно во Полска, Чешка, Словачка, Словенија и Хрватска.