1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голема несигурност

Кристоф Хаселбах | Михаела Кифнер
14 март 2019

Од пред една година во Берлин на власт е т.н. голема коалиција, составена од ЦДУ/ЦСУ и СПД. Што направи таа на надворешно-политички план, како реагираше на најважните светски кризи?

https://p.dw.com/p/3EyeK
Frankreich 2018 Gedenken Ende Erster Weltkrieg | Trump, Merkel & Macron
Фотографија: Getty Images/AFP/B. Tessier

ЕУ и германско-француските односи

„Нов пробив за Европа“, стои во насловот на коалициониот договор. Сепак, од тоа веројатно нема ништо да биде. Причините се поврзани со надворешните околности, како претстојниот Брегзит и порастот на десничарскиот популизам во Европа. Но, кочничарите седат и во Берлин. Тоа никаде не е почигледно отколку на примерот на германко-француската соработка.

Францускиот претседател Емануел Макрон повеќепати побара од Германците Европа да се развива како јака социјална заштитна сила. Во тој контекст даде и конкретни предлози. Германската кацеларка Ангела Меркел во тој поглед остана дистанцирана, се ограничи на симболичка политика: заедно со Макрон организираше потпишување на нов Елисејски договор.

Повеќе:

Париз и Берлин со различни интереси

Наместо неа, на идеите на Макрон одговори новата претседателка на Христијанско демократската унија и веројатно идна канцеларка, Анегрет Крамп-Каренбауер. Таа главно ги критикуваше идеите на Макрон. „Да“ за поостра емиграциска политика и „да“ за зголемена одбранбено-политичка соработка. Но, „европски централизам, европски етатизам, социјализација на долговите, европеизација на социјалните системи и минимална плата на европско рамниште – тоа би бил погрешен пат“, порача Крамп-Каренбауер во една статија. Таа истовремено упати барање до Франција да се укине седиштето на Европскиот парламент во Стразбур и Франција своето постојано место во Советот за безбедност на ОН да ѝ го препушти на ЕУ. Во поглед на воната соработка, исто така постојат различни претстави за политиката на извоз на оружје. 

Поглед кон Исток

Берлин има сѐ повеќе проблеми со бројни средноеропски држави, првенствено кога станува збор за миграцијата. Отпорот на државите од Вишеградската група: Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, кон секаква распределба на бегалци, е пожесток од било кога. Кај берлинската коалиција предизвикуваат главоболки и авторитарните тенденции на Унгарија и Полска. Првично Берлин сакаше да ја услови исплатата на ЕУ-средствата со однесувањето на овие земји, но за идејата во моментов малку се зборува. Очигледно, германската влада сака да спречи сѐ што на десничарските популисти на изборите за Европскиот парламент во мај би им дало дополнителен поттик.

Deutschland Nord Stream 2 vor der Insel Rügen
Проектот Северен поток 2- горчлива лекција за ГерманијаФотографија: picture-alliance/dpa/B. Wüstneck

Посебно тешка и ризична е улогата на  германската влада во односите со Русија. Без оглед на руската анексија на Крим и вооружувањето, таа сака да зачува разумно добар однос со Москва, меѓудругото и заради посредничка улога во конфликтот со Украина.

Повеќе:

Дали Германија ја губи битката за Северен тек 2?

Кавгата за Северен тек 2 штотуку стана „валкана“

Но, улога играат и економските интереси. Берлин долго се обидуваше да го наметне проектот Северен тек 2 и покрај жестоките противења пред сѐ од Полска. Начинот на кој што Вашингтон и Европската комисија го запреа проектот во неговата првобитна форма, е посебно горчлива пилула за Берлин: за ЕК беше можно да дејствува само со преминот на Франција во противничкиот табор.

Африка и миграцијата

„Елиминирање на причините за бегство“ – останува главно мото на поитиката на германската владејачка коалиција кон Африка. Дури со надоаѓањето на бегалци, Ангела Меркел откри стратешки важен сосед во Африканскиот континент. Неодамна ги посети Сенегал, Гана, Нигерија, Алжир и Мароко.

Повеќе:

Зошто бегалците ја поделија Германија?

Таму необично борбено го бранеше Пактот за миграција на ОН како „јасна определеност за мултилатеризам“, нагласувајќи дека „легалната миграција доведува до просперитет“. Со олеснување на инвестиции и реформи, Берлин настојува натамошно да ја помага Африка.

Mittelmeerroute - Flüchtlinge im Boot
Германија се залага за спречување на причините за бегство на бројните бегалциФотографија: picture-alliance/dpa/AP/E. Morenatti

Германската влада притоа се потпира на развојни проекти вредни повеќе милијарди евра, ги поттикнува германските претпријатија на вложувања во Африка. Германија таму засилено се ангажира и во безбедносно-политичка смисла, на пример во Мали. „Тоа ништо нема да користи ако тие земји немаат економска перспектива“, изјави Меркел на Безбедносната конференција во Минхен.

Трансатлантски односи

Германската владејачка коалиција изричито се залага за трансатлантското партнерство со САД. Сепак, разочарувањето во Берлин од владата на Доналд Трамп е огромно. Одлуката на Вашингтон за прекин на Нуклеарниот договор со Иран, во Берлин и во Брисел беше своевиден аларм за будење. Оттаму и укажувањето на неопходноста од јакнење на сопствената способност за дејствување.

Повеќе:

Како Трамповата Бела куќа гледа на Германија?

Трансатлантскиот трговски спор моментно е одложен, но не е решен. Ангела Меркел во меѓувреме, како неодамна на Светскиот трговски форум во Давос, на Трамповата девиза „Америка на прво место“, спротистави своја сопствена: „Мора да се мисли и на интересите на другите и од тоа да се постигне вин-вин ситуација“.

Азија

Германската политика кон Азија и во овој мандат на големата коалиција останува првенствено базирана на политиката кон Кина. Сепак, во коалициониот договор не станува збор само за „шанси“, туку и за „ризиците“ во поглед на тој стратешки важен партнер. На иницијативата, т.н. Пат на свилата, Германија и ЕУ и натаму гледаат критички, засилено се внимава на еднакви услови за инвестирање, што често не е случај во самата Кина.

Повеќе:

Ќе настине ли Германија, ако Кина кивне?

Освен човековите права, во текот на првата година на оваа владејачка коалиција на Унијата и СПД, нова и иритирачка тема стана прашањето за стратешка безбедност поврзано со новата кинеска висока технологија. Во пресрет на проширувањето на 5Г мобилната мрежа, прашање е дали и кинескиот концерн Хуавеи ќе може да добие дел од колачот во Германија, а тоа има влијание и врз билатералните односи.

Разликата во однос на Јапонија, со кој Германија негува „партнерство на вредности“, тешко може да биде поголема. Германската канцеларка на почетокот на февруари престојуваше во Јапонија по повод стапувањето во сила на Спогодбата за слободна трговија меѓу Јапонија и ЕУ. За Меркел, спогодбата е „нова шанса во секој правец“, која ја отсликува обостраната корист.