1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Етапна победа на Демократите против Трамп

ЖА
26 октомври 2019

Американското Министерство за правда, според судска одлука, мора на Конгресот да му го предаде целосниот извештај на специјалниот обвинител Роберт Мулер за руската афера.

https://p.dw.com/p/3RyyV
Washington Capitol Kongress Senat
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Harnik

Судијката Берил Хил во Вашингтон на Министерството за правда вчера му одреди рок  до 30 октомври за на Комитетот за правда на Конгресот да му ги предаде информациите од извештајот кои се направени нечитливи. Неопходноста за предавање на материјалите на Комитетот е поголема од нужноста информациите да се чуваат како тајни, одлучи судијката.

Опозиционите Демократи, кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом, побараа увид во непреработениот, оригинален извештај. Нивната намера е да го користат во евентуалната постапка за отовикување од должноста на претседателот Доналд Трамп. Демократите го обвинуваат претседателот за злоупотреба на службената положба, затоа што го охрабрувал и поттикнувал украинскиот претседател Володимир Зееленски да покрене истрага, која може да му наштети на демократскиот поранешен вицепретседател Џо Бајден во трката за претседателска функција.

Повеќе: 

Хаотични сцени во американскиот Конгрес - Републиканците го попречуваа сослушувањето за Украина

Трамп е ослободен, но не и исчистен

Што точно разговарал Трамп со Зеленски?

Специјалниот обвинител Роберт Мулер речиси две години водеше истрага околу тоа дали постоела координација меѓу Русија и изборниот тим на подоцнежниот победник во претседателските избори, Доналд Трамп, на штета на демократската кандидатка Хилари Клинтон и дали претседателот извршил попречување на спроведување на правдата. Мулер дојде до заклучок дека Русија извршила обид да се вмеша во претседателските избори во САД. Извештајот, објавен во април, констатира и дека Трамп во повеќе наврати се спротиставил на истрагата и на тој начин не го ослободува целосно од вина. Министерот за правда Вилијам Бар досега објави само верзија од извештајот во кои одделни пасуси се поцрнети и не се читливи. Бар го оправда тоа со постоење сензибилни информации во документот.