1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ: Желби за поголема заштита на надворешните граници

Бернд Ригерт
13 јули 2018

Хардлајнерите од десницата на средбата на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Инсбрук најдоа заеднички јазик. Но, самата работа околу миграциската политика бележи малку напредок.

https://p.dw.com/p/31NEb
Österreich Innsbruck - Treffen EU-Innenminister
Фотографија: DW/B. Riegert

Италијанскиот десен радикал, австрискиот десен популист и германскиот конзервативец по средбата во тројка во Инсбрук излегоа сплотени. Тројцата министри насмеани, рака за рака, ветија нов квалитет во соработката во однос на миграциските прашања. Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини средбата ја оквалификува како почеток на едно пријателство. Херберт Кикл кој е министер за внатрешни работи на Австрија и претседател на Советот на ЕУ рече дека се радува за промената на парадигмите во однос на миграциската политика во насока на поголема рестрикција.

„Мислам дека сите тројца дојдовме до заклучокот дека сакаме повторно да воведеме ред во една област во која предолго време владееше хаос," рече Кикл. Германскиот министер за внатрешни, Хорс Зехофер се покажа помалку еуфоричен но и тој рече дека имал одлични разговори со двајцата десно-популистички колеги кои важат за хардлајнери во миграциската политика.

„Се радувам што има придвижување не само во рамки на ЕУ туку дека и трите земји, Германија, Италија и Австрија тесно соработуваат за ова клучно прашање на денешницата да го насочиме кон добра иднина“, изјави Зехофер во Инсбрук каде 28-те министри за внатрешни работи од ЕУ се сретнаа на неформални разговори. На крајот се согласија само дека заштитата на надворешните гранци треба да биде зголемена и дека треба да се направат центри во Северна Африка за мигрантите кои доживуваат бродолом обидувајќи се да пребегаат преку Средоземно море. Хорст Зехофер бил задоволен од духот на заедништво на средбата. Кикл пак призна дека при реформата на системот за одобрување на азил и на Даблинските регултаиви, односно за тоа која земја е задолжена за регистрација на азилантите немало напредок.

Österreich Innsbruck - EU-Innenminister | Seehofer, Deutschland Kickl, Österreich & Salvini, Italien
Фотографија: DW/B. Riegert

Повеќе:

-Македонија не сака бегалски центри

-ЕУ-самит: долг пат до (некаква) согласност

-Мигрантите и ЕУ: Добрата волја да се поттикне со пари

Германскиот министер за ДВ изјави дека сакал да остане актуелниот систем според кој за азилантите е задолжена првата држава во која мигрантот влегува. Но, според Зехофер системот од Даблин мора да стане поефикасен, со тоа што консеквентно ќе почне да се применуваат веќе важечките правила за протерување на одбиените баратели на азил. Италија и Грција пак, како земји кои бележат најмногу мигранти сакаат овие правила да бидат укинати.

Австрија сака да го ограничи влезот

Кикл го пофтори неговиот предлог, азилантите да се држат што е можно повеќе настрана од ЕУ. „Сакаме да пратиме јасна порака во светот, особено на оние кои криумчарат мигранти, дека во иднина нема да биде веќе можно да допрат европско тло, ако немаат право на таква заштита“. ЕУ на последниот самит донесе заклучок дека во Северна Африка или пак во европските пристанишни градови треба да се направат центри во коишто ќе се решава за потребата од заштита на барателите на азил без притоа овие луѓе, правно погледнато, да се стапнати во ЕУ. Италијанскиот минстер за внатрешни, Салвини, смета дека добил целосна потврда на неговата политика за враќање на бродови со бродоломци.

„Многу сум задоволен што италјанските предлози сега станаа европски, имено намалување на протерани азиланти, на транзити, на мртви азиланти, а со тоа намалување и на проблемите“.

Еврокомесарот не најде земја која би сакала да го направи центарот

Димитрис Аврамопулос, еврокомесарот задолжен за миграција го опомена Салвини да се држи до Женевската конвенција за бегалци и на европските вредности. Според него, не можело туку така да се забрани влезот на бегалци кои доживеале бродолом.

Libyen Flüchtlinge der Elfenbeinküste am Flughafen
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Turkia

„Може да се најави забрана за влез, но кој тогаш ќе ја преземе одговорноста ако има мртви“, прашува Аврамопулос. Комесарот потенцираше дека членките на ЕУ морале да се договорат за нова Даблинска регулатива. До сега, првата земја во која ќе допатуваат е задолжена за азил, но Грција и Италија тоа категорично го одбиваат. Мнозинството на земјите членки кои немаат надворешна ЕУ граница, како на пример, Германија, сакаат ова правило да се задржи. Зад проблемот се крие прашањето која земја е всушност подготвена да ги прими оние бегалци кои ќе добијат пас во европските или северно-африканските азилантски центри. Системот со квоти го одбиваат повеќето држави и бараат доброволна согласност. За комесарот Аврамопулос центрите надвор од ЕУ веќе не се само идеја која со години се дебатира.

„Познава ли некој земја која би била подготвена да направи таков центар. Не постои. Сето тоа во моментов е само идеа за која се дисктутира и се почитува."

Салвини засега не сака да прима азиланти кои биле вратени од друга граница

Иако тројцата министри од Австрија, Италија и Германија самите с прогласија за „Колаиција на активните", едно битно прашање за германскиот министер Зехофер остана нерешено. Ниту Австрија, ниту Италија е подготвена да ги прими оние азиланти кои биле вратени од германската граница. Сепак, Зехофер по трилатералната средба смета дека ќе може да се најде решение за прашањето, но тоа било прашање на „тешки преговори". Тројцата министри се договориле да направат работна група која следната недела ќе се состане во Виена. До почетокот на август ќе можело да се процени дали ќе се постигне договор, изјави Зехофер. Доколку тоа не се случи ќе морал самиот да преземе мерки.

„Колку помалку успееме да најдеме заеднички европски решенија, толку побитни стануваат националните мерки“ Салвини пак сакал прво да размисли околу прифаќањето на азилантите кои биле вратени од германската граница. Под услов, надворешните граници на ЕУ да бидат затворени и ниту еден мигрант од надвор веќе да не доаѓа во Италија.

„Разговаравме за големите проблеми. Ако не го намалиме транзитот и брјот на починатите азиланти, како и на оние кои влегуваат од надвор, тогаш не можеме да го решиме ни проблемот кој настанува на внатрешните гранци во ЕУ. Затоа земјите членки сега присебно мора да работат на посилна заштита на надворешните гранци како што ние тоа го планираме“, рече Салвини по разговорот со Зехофер.

Но, за решавање на големите проблеми ќе треба малку повеќе време отколку до август. За реформа на правилата од Даблин ЕУ се труди речиси три години. Аврамопулос посочи дека бројот на мигранти кои пристигнуваат во Италија и Грција е релативно низок. „Моментално не може ни да се зборува за бегалска криза“.  На границите нема редици, а Аврамопулос со таквите изјави се спротивстави на впечатокот што го создаваат десно популистичките политичари во ЕУ, меѓу кои и австрискиот министер за внатрешни.

 

 

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија