1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

ЕУ и САД со оружје за Украина од над една милијарда евра

ЕМФ | агенции
13 април 2022

Пред очекуваната руска офанзива во источна Украина, ЕУ и САД одобрија над една милијарда евра за оружје за Украина.

https://p.dw.com/p/49umf
Symbolbild EU-USA
Фотографија: picture-alliance/Ulrich Baumgarten

За оружје и опрема за украинските воени сили ЕУ ќе стави на располагање дополнителни 500 милиони евра, најави Советот на ЕУ во Брисел. Со тоа воената помош на ЕУ се зголемува на вкупно 1,5 милијарди евра.

„Со оглед на тоа што Русија се подготвува за голема офанзива на истокот на Украина, од одлучувачко значење е да продолжиме со нашата воена поддршка на Украина и истата да ја засилиме, за Украина да ги брани својата територија и население и да спречи натамошни страдања“ изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.

Вечерва (13.04) и САД најавија дека на Украина ќе ѝ достават оружје и муниција во вредност од 800 милиони долари (740 милиони евра). Се планира доставување артилерија, оклопни возила и хеликоптери. Американскиот претседател Џо Бајден, по разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави декадоставувањето оружједосега било одлучувачко за Украина да го издржи нападот на Русија. Со новите пратки оружје треба да ѝ се даде поддршка со оглед на големиот руски напад кој се очекува во регионот Донбас, се вели од Вашингтон.

- повеќе: Германската министерка Бербок: „На Украина итно ѝ е потребно тешко оружје“

Русија го обвинува Западот дека со новите пратки оружје го заострува конфликтот. Како реакција на американските санкции, Москва вечерва забрани влез во Русија за 398 американски конгресмени, а на т.н. руска стоп-листа се наоѓаат и 87 канадски сенатори.